ПДП го поздравува постигнатиот договор меѓу лидерите на четирите најголеми политички партии за излез од, како што велат, тешката економска и политичка криза, и смета дека со тоа е задржан и понатаму евро-атлансткиот курс и перспектива на земјата.
– ПДП жали што постигнатиот компромис не беше резултат на добрата волја и на државничкото однесување на лидерите на најголемите политички партии туку пред се резултат на притисоците на меѓународната заедница и граѓаните, се вели во соопштението на партијата.
Оттаму ги поздравуваат напорите на меѓународната заедница за нивниот голем придонес за решавање на кризата и ги повикува договорените страни активно да работат на имплементација на договореното.
– Наеднаш ПДП жали што селективното објавување на таканаречените “бомби“ на Заев создадоа впечаток и уверување кај јавноста дека се работи за политичко несогласување меѓу двете најголеми македонски партии а не на длабока перманентна криза на политичкиот, судскиот, изборниот и економскит систем на државата, дополнува партијата.




