НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Примената на договорот ќе биде под европска контрола

0
By Светлана Јовановска on July 15, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија (ЕК) и тројцата европски пратеници ќе го контролираат спроведувањето на синоќа потпишаниот договор.

Тие испратија соопштение во кое велат дека спроведувањето на договорот ќе биде под ЕУ контрола.

Напредокот на примената ќе биде дискутиран во рамките на Високиот политички дијалог кој ќе одржи рунда во септември во присуство на сите партии и граѓанското општество.

“Политичките лидери сега треба брзо да го спроведат договорот со добра волја”, велат Хан, Кукан, Ховит и Вајгл кои се подготвени да работат со сите партии за да се спроведат сите препораки на Прибе.

Денешниот договор значи свежа надеж, добредојден и неопходен поттик за Македонија. Сите партии и ЕУ медијаторите заслужуваат почит за нивните напори, напиша на Твитер словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак.

На договорот постигнат минатата ноќ испрати реакција и политичката група на либералите од Европскиот парламент (ЕП). Нивниот пратеник Иво Вајгл кој синоќа беше во Скопје, вели дека “на Македонија и се сега отворени сите шанси, како кандидат за членство во ЕУ, најпосле да може да ги започне преговорите”, вели Вајгл во име на својата политичка група. И додава дека “Македонија сега треба да тргне во спроведување на реформите кои се очекуваат од една земја која сака евро-атлантска интеграција”.

Договорот го поздравија и социјалистите од ЕП:

“Договорот предвидува календар за лидерот на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да даде оставка во корист на нов премиер во нова Влада во која ќе бидат вклучени неколку министри од СДСМ и заеднички договор за предвремени избори за 24 април 2016 година”, велат социјалистите чиј што претставник Ричард Ховит учествуваше на синоќешните преговори во Скопје.

Европските социјалисти очекуваат спроведување на договорот “кој ќе биде одблиску набљудуван од меѓународната заедница”.

“Најавата за Специјален обвинител кој ќе работи со полна автономија врз сомневањата за криминал и корупција, кои произлегуваат од прислушувањето, мора да биде целосно и независно применет за да се остварат европските и меѓународните очекувања дека ќе има правна одговорност за секоја злоупотреба”, инсистираат европските социјалисти.

Тие ги поздравуваат напорите на сите партии но испраќаат посебна честитка за СДСМ која “направила отстапки со потпишувањето на договорот кој е значаен чекор на доближувањето кон ЕУ”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.