Огромен број на граѓани го изгубија правото на социјална или постојана парична помош бидејќи добиле одредена сума на средства преку брз трансфер на пари и се задолжени да вратат се што примиле во претходната година. Станува збор најранливата категорија граѓани, социјалните случаи и луѓе со инвалидитет.
Еден од нив за ПРОЦЕС раскажа дека парите кои ги добил, а не го надминале законскиот лимит, биле наменети за погребот на неговиот син. Законот има недостатоци и мора да се преиспита ,велат во ПРОЦЕС Александра Цветановска и Гоце Коцевски од македонско здружени на Млади правници.