Болниците во државата неможат да го плаќаат сервисирањето на скапата медицинска која беше набавена со големиот тендер на владата. Некои од нив ќе бараат од министерството за здравство да им ги плаќа скапите поправки на апаратите бидејќи толку големи средства не биле предвидени во нивните ограничени буџети.
За скапата медицинска опрема се трошат многу скапи потрошни материјали, делови кои мора да се заменат бидејќи гаранцијата од една година помина велат велат во Градската општа болница „8 Септември“.
НОВА вчера објави дека пред два месеца откажаа ренген апартите во оваа болница, како и КТМ апаратот. Истиот апарат за снимање не работи и во Градската хирушка болница“Св.Наум Охридски“ и на Клиниката за радиологија. Слична е состојбата и во поликлиниките. Пациентите за снимање чекаат со недели и месеци.
Во болничките кругови се зборува дека ваквата состојба е предизвикана вештачки за пациентите да се препраќаат во приватните болници. Но директорот на Градската општа болница Сашо Стојчев обвини дека некои здравствени установи тактизираат, го ограничуваат бројот на снимања или апаратите ги чуваат само за итни случаи, со што доаѓа доа преоптовареност на апаратите во градската болница. Иако со големиот тендер владата инвестираше 100 милони евра во скапа медицинска опрема, граѓаните не ја почуствуваа промената на подобро.