Фото:Агенција Анадолу
Дете мигрант вчера попладне било погодено од струен удар на железничката станица во Гевгелија.Момчето се качило на еден од товарните возови кога одеднаш го погодил струен удар, заради каблите кои се наоѓале во близина, јави РадиоСарајево. Веднаш по несреќата детето било транспортирано во болница каде му се укажува лекарска помош.
„Момчето се качи на еден од товарните вагони и веднаш го погоди струен удар заради каблите кои беа во близина. Тој на железничката станица беше со неговата мајка. Тие се Курди од североисточна Сирија„ изјави Јасмин Реџепи од Легис.
Екипите на УНХЦР, Црвен крст и невладината Легис биле на лице место, а на момчето веднаш му е пружена лекарска помош. Нема информации каква е неговата здравствена состојба денеска.




