Демолиран изборниот штаб на Андреј Жерновски во Центар. Кандидатот за градоначалник на Центар на коалицијата Сојуз за иднината утрово на својот Фејсбук профил објави фотографии од искршени стакла во неговиот штаб.
Жерновски на својот Фејсбук профил напиша -“Позитивната” кампања на Груевски и Тодоровиќ. Вака денес изгледа мојот штаб. Вака денес изгледа Центар, вака денес изгледа Македонија.
Освен штабовите кај АМСМ и во Дебар маало, демолиран е и штабот во Капиштец.
„САКАТЕ ДА НЕ’ УПЛАШИТЕ ?!? Па зарем не разбирате дека ова, всушност, зборува за ВАШИОТ СТРАВ?“, напиша Жерновски.
Во врска со последните инциденти, Жерновски за НОВА рече дека денеска, со почеток во 12:15 минути ќе даде изјава пред промотивната канцеларија на Сојузот за иднината кај АМСМ.