Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народниот правобранител спречен да зборува во Собрание

0
By Сашка Цветковска on August 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 20, 2015 17:43

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска бил спречен да зборува во парламентот на седницата за ребаланс на Буџетот, дознава НОВА од извори во парламентот, а Канцеларијата на правобранителот го потврди инцидентот иако одби да го коментира. Правобранител сакал да се обрати пред пратениците бидејќи со ребалансот власта решила да скрати од буџетот на институцијата 4 милиони и 236 илјади денари од тековната 2015 година. Службите на парламентот му пристапиле пред почетокот на седницата и му рекле дека нема право на збор оти на ваков тип за седница за ребаланс не било законски да зборува пред народните избраници. Правобранителот се обидувал да објасни дека такво нешто не е според законот и дека ова не е прва седница за ребаланс на буџет на којашто тој зборувал. Им посочил да ги погледнат стенограмите од 2012 година кога тој, исто така, зборувал пред пратениците на седница на ребаланс кога на институцијата со која раководи и ги крателе средствата. Откако не успеал да се објасни, тој си заминал од парламентот. По некое време, службите оттаму почнале да му звонат и да го викаат да се врати назад бидејќи увиделе дека погрешиле и дека сепак би можел да се обрати. Народниот правобранител не се вратил, а од канцеларијата велат дека се зачудени од односот во Собранието.

– Запрепастувачки беше тоа што се случи, не може до толку да не познаваат процедурите и законите. Правобранител беше практично набркан, а отиде таму за да го одбрани својот буџет со кој им се помага на граѓаните на Македонија и да ги повика пратениците да излезат во пресрет на потребите на институцијата Народен правобранител, велат од Канцеларијата.

Средствата кои се скратени се однесуваат на плати за испразнетите работни места кои сега не би можеле да се пополнат. Оттаму велат дека институцијата Народен правобранител со години кубури со човечки ресурси, а поплаките од граѓните во однос на прекршувањето на човековите права енормно растат од година во година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.