Со прогласувањето на кризна состојба на северната и јужната граница ситуацијата стана крајно драматична и тензична. Зошто владината одлука доаѓа токму сега, дали се работи за заштита на безбедноста на државата, за притисок кон ЕУ за нова финансиска помош или да се одвлече вниманието од сопствената политичка криза?
Какви можат да бидат последиците? Се враќа ли опасноста од криумчари и криминални банди? Ќе го реши ли проблемот бодликавата жица и армија од специјални полициски сили?
На оваа тема дебатираат Мерсиха Смаиловиќ од невладината организација „Легис“ и Трпе Стојановски професор на Факултетот за безбедност и поранешен директор на МАРРИ(регионална инцијатива за азил, бегалци и миграција).