НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Лекари без граници“со месеци чекаат дозвола од државата да лекуваат мигранти

0
By Менче Атанасова Точи on August 25, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веќе неколку месеци од меѓународната хуманитарна организација „ Лекари без граници“ се обидуваат и не можат да добијат дозвола од Министерството за здравство за да им помагаат со медицинска нега на бегалците кои доаѓаат во Македонија, дознава НОВА од извори во невладиниот сектор.

Неколку лекари подолго време престојуваат тука, но не можат да ја добијат потребната дозвола за да можат да помагаат. „Лекари без граници“ бараат дозвола за да ја преземат целокупната грижа за мигрантите на кои им е потребна медицинска помош, како што е лекување, операции и се друго што ќе им е потребно, а се тоа би било на трошок на организацијата.

Со ова ,велат нашите извори, македонската држава ќе нема трошоци во однос на лекувањето, како и ангажман од домашните лекари бидејќи тие најверојатно би склучиле договор и со некоја болница, каде што ќе можат да ги изведуваат интервенциите. Тие се познати по своите проекти во земји, во кои се водат војни и во земји во развој, кои се соочуваат со ендемски заболувања.

Во петокот на 21- ви август кога се случи инцидентот на грчко-македонската граница, во меѓузоната беа присутни само „Лекари без граници“, тие им помагаа на повредените, на децата што се задушуваа од солзавец или што се онесвестуваа. Црвениот крст и УНХЦР влегуваа само доколку полицијата ги пропуштеше, односно ги побараше. Но, внатре во Македонија не можат тоа да го прават бидејќи немаат дозвола.

Секоја година околу 3000 лекари, медицински сестри, санитарни стручњаци и други медицински и немедицински личности одат на различни задачи ширум светот. Од друга страна пак 1000 луѓе со постојано работно место, работат на ангажирање на доброволци, обезбедување финансиски средства, бараат донатори, така што располагаат со годишен буџет од 400 милиони американски долари.

Невладината организацијата „ Лекари без граници“ делува во преку 70 земји, каде пружаат примарна здравствена заштита, обавуваат оперативни зафати, го вакцинираат населението, ги обучуваат болниците и амбулантите, спроведуваат разни санитарни и прехранбени програми, го обучуваат локалното население. Во 1999 година, добиле Нобелова награда за мир, а три години порано и Награда за мир во Сеул.

Затоа, зачудува фактот што државата се уште не им дозволува да помагаат како што тоа го прават во другите држави, кога се знае дека на Македонија помошта и е повеќе од неопходна, велат активистите.

Од Министерството за здравство за НОВА потврдија дека претставници на меѓународната хуманитарна невладина организација „Лекари без граници“ доставиле до Министерството меморандум за соработка, во кој се утврдени аспектите во кои оваа организација може да придонесе за пружање медицинска помош на мигрантите на територијата на државата.

„Меморандумот за соработка е процесуиран до сите релевантни институции, со цел усогласување и допрецизирање на аспектите на соработка“ велат во Министерството за здравство.

Од таму потенцираат дека во регионот каде се лоцирани мигрантите, постојано се обезбедува потребната здравствена заштита од страна на медицински екипи од Итната медицинска помош при Здравствениот дом Гевгелија, како и екипи на Општа болница Гевгелија, а континуирано се врши и комплетна дезинфекција на просторот и транспортните средства.

Сепак, не одговорија колку време организацијата „Лекари без граници“ чекаат надлежните институции да го процесираат нивниот меморандум за соработка и зошто не се забрза процедурата, кога се знае дека се поголем број на мигранти влегуваат во државата, а Македонија се потешко се справува со проблемот.

Додека „Лекари без граници“ја нудат својата помош, активистите апелираат до граѓаните да донираат патерици и инвалидски колички за бегалците кои се инвалиди или се со повреди.
Дури бараат колички за малтер како замена на инвалидските колички.

„ Во однос на инвалидските колички, практична замена би биле и количките за малтер“, апелираат до граѓаните од невладиниот сектор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025
ФОКУС

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

ВЕСТИ August 24, 2025

Германскиот весникк „Велт ам Зонтаг“ (Welt am Sonntag) повикувајќи се на неименувани европски дипломати објави…

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.