НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потрошувачите се жалат од телекомуникациските услуги

0
By Нова ТВ on March 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потрошувачите во Македонија најмногу се жалат на услугите кај фиксната и мобилната телефонија, како и кај кабелските оператори, по што следат поплаките кон ЕВН Македонија и Топлификација.

Ова беше истакнато на денешното традиционално одбележување на 15 Март, Светскиот ден на потрошувачот од страна на Министерството за економија.

Потрошувачите исто така како значаен проблем го истакнуваат и немањето декларација на македонски јазик на сите производи и оти постои нечесно пазарно однесување особено кај промоцијата на производите, предпродажните услови и неисполнувањето на дел од договорите.

– За несообразноста на производот со неговиот квалитет има 178 поплаки, 173 поплаки се во делот на он-лајн услугите, 558 поплаки се кон јавните претпријатија и се однесуваат за застареност на побарување, правилниците утврдени од страна на Регулаторот, испорака на топлиснка енергија, раскинување на договори со кабелските оператори, нееднаквоста на наплата на потрошувачите кај корисниците на ЕВН Македонија со нови и стари броила, радиодифузната такса, 357 поплаки се во областа на гаранциите, а 178 се за неквалитетни производи и услуги, , рече Марија Лончар од ОПМ.

Најголем дел од потрошувачите кои по писмен пат побарале заштите од ОПМ, нагласи, си ги остваруваат правата, додека кaj оние кои побарале телефонски совети од Организацијата остварувањето е од 70 до 80 отсто.

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на потрошувачите, државниот секретар во Министерството за економија Анче Трифунов и претседателот на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, Ѓорѓи Јанчевски потпишаа кодекс кој претставува доброволна рамка за регулирање на работењето на банките и штедилниците со клиентите, правни и физички лица, и во него се утврдени минимумот страндарди и вредности за добро работење и фер пазарно напреварување.

Во мај 2012 година на иницијатива на Министерството за економија ваков кодекс веќе е потпишан со Групацијата на импортери на моторни возила при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Целта на одбележувањето на Светскиот ден на потрошувачот е јакнење на свеста на потрошувачите во Македонија за заштитата на нивните права што им ги гарантира Законот за заштита на потрошувачите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.