Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски, последниот Крал на фудбалот

0
By Биљана Секуловска on August 29, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 29, 2015 11:06

Во оној момент кога буквално на сите медиуми (освен НОВА) беше пренесена веста и снимката за велелепниот фудбалски “успех” на премиерот Никола Груевски во Виена, знаев дека е време за приказната за Иди Амин, поранешниот претседател на Уганда и самопрогласен боксерски шампион, што во која категорија? само именувајте ја, триумфот е негов.

Но, што направи Груевски значајно во Виена, на Конференцијата за Западен Балкан, каде европските лидери по којзнае кој пат се обидуваат да ги раздвојат завадените страни, да им го закочат фитиљот на гранатата која со децении ја носат во џебовите од скапите одела, да ги натераат да ги заборават омразата, воинствената реторика, племенскиот начин на водење на земјите, да се откажат барем привремено (некој ден пауза за нашиве балкански лидери, копнежливи за добивање милијарди од ЕУ) од корупцијата, криминалот, диктаторските методи на владеење, медиумската пропаганда која беснее само за да им служи нив и благодарејќи на која деценијата на граѓаните им изгледа како векови авторитарна чизма.

Значи, што направи Груевски, за кои средби, говори, договори на премиерот со европските лидери беа информирани македонските граѓани што буквално секој медиум (освен НОВА, поправете ме ако грешам) татнеше со неговото име?

Медиумите се тука да ви ги рецитираат бајките, да ви ги оттргнат од рацете филџаните кафе и да ви ги толкуваат стиснатите желби на дното од талогот, сетете се само како вели Никола Маџиров: “Капка врз очилата, и поинаку го гледаш светот”.

Но, не, Груевски не однесе, ниту пак донесе политички успех во премиерската актовка, не, тој не донесе вест од Виена, која ќе значи навестување на подобра иднина за сите нас, не, тој всушност и не бил таму како политички лидер на една земја. Груевски, со слични спортски амбиции и политички соништа како “Последниот Крал на Шкотска” (како што се самопрогласил), боксерскиот маг Иди Амин, се што стори за нас е- два гола забиени во мрежата на фудбалската екипа на европските лидери, како достоен претставник на балканската екипа на лидери, чии предци низ вековите со малку пот и многу крв ги водеа сопствените народи, затоа што само така знаеја и умееја.

Македонските медиуми го дочекаа премиерот Груевски утредента како херој, во воздухот се чувствуваше ново сонце на македонска фудбалска ренесанса, толпата од стотици илјадници граѓани, кои читајќи ја оваа вест, гледајќи ја снимката на фудбалските бравурози на лидерот, во мислите го пренесуваше неговото имагинарно победничко тело низ Триумфалната капија во Скопје, секој барокен столб со измислената античко-кирилична азбука го гравираше неговото име, продолжувајќи ја традицијата на најголемите македонски синови кои го дале животот за оваа земја, макар и еден човек да остане, но нека биде слободен. Поезија вредна да се стутка и фрли во првата канта за ѓубре, но ова е најдоброто парче стихови што може да го добиете во оваа земја.

А медиумите, ех, тие македонски медиуми, како да се печатат во Уганда и годината да е 1974. Тогаш Иди Амин одлучува да го отвори аматерскиот боксерски шампионат, за да може државниот весник на насловната страница да напише: “Боксер на годината”. Во борбата со Петер Серуваги, судијата морал во втората рунда да прогласи крај, за да го спаси Серуваги од понататамошна казна, која Иди Амин бил подготвен да му ја сервира, разнесувајќи го целосно. Така, Иди Амин станува спортист на 20. век, онака како што Ким Јонг- Втори е шампион на 21. век. Играта на зборови- Ким Јонг-Ил или Ким Јонг-Втори нека не ве измачува, читајте онака како што ќе посакате, ионака победникот однапред ќе го прогласат медиумите.

Затоа што, кога Лидерот ќе стане единствениот сончев зрак во една земја, патот вреден за следење ќе ви го покажат медиумите, мртвите души на преродбата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.