Хуманистката Ленче Здравкин во екслузивно интервју во ПРОЦЕС за првпат пред македонската јавност зборува за патешествијата со бегалската криза и времето кога ги отвори вратите на својата куќа за мигрантите кои ноќе тајно поминуваа низ железничката пруга, кога прва почна да им помага, за државната награда Мајка Тереза која ја одмина иако сите очекуваа, за шок бомбите и гумените куршуми врз бегалците.
„Сега не е време за награди, работата не е ниту до половина завршена. Мораме да ја издржиме оваа бегалска криза, да им обезбедиме што побезболен, подостоинствен и почовечки транзит низ нашата држава. Треба со заеднички сили да ја преставиме Македонија како една мала земја, која иако кревка, е со големо срце“, вели Здравкин.
Целото интервју со Ленче Здравкин, жената за која пишуваа светските медиуми, можете да го погледнете во видеото.