Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Сиријците бараат живот во Европа, а не во богатите земји од Заливот?

0
By Нова ТВ on September 7, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 7, 2015 09:11

Во време кога дел од човештвото се уште се буди за да ја сфати ситуацијата на бегалците кои ги напуштаат своите земји поради воените конфликти внатре, многумина го поставиле прашањето зошто Европа? Зошто тие не емигрираат во богатите земји од Заливот?

Многумина од Сиријците со текот на годините преминале во Либан, Јордан и Турција, но влезот во Арапските земји и не им е така едноставен.

Со цел еден Сиријец да се најде во земјите од Заливот, тој може да аплицира за работна дозвола или туристичка виза. Се работи за еден процес за кој се потребни многу пари, но земјите се чини им го отежнуваат патот на луѓето поставувајќи им непишани правила како тие би добиле виза.

Најуспешните приказни за Сиријци кои се во овие земји, се за некои кои влегле пред сегашнава криза, и кои го продолжиле својот престој таму, најчесто заедно со фамилиите.
Без виза, на Сиријците не им е дозволено да влегуваат во Арапските земји, освен во Алжир, Мавританија, Бахреин, Судан и Јемен.

Со хаштаг #Welcoming_Syria’s_refugees_is_a_Gulf_duty, речиси 40.000 повици на Твитер изминатава недела, беа упатени до Саудиска Арабија, Катар, Оман, ОАЕ, преку кои корисниците објавуваа фотографии од Сиријските бегалци удавени во морските води, и деца заглавени на бодликави жици.

На едно од видеата на кои се гледа како бегалците преминуваат од Унгарија во Австрија, еден од корисниците пишува: „Зошто ги напуштаме браќата Муслимани од регионот, кога треба да преземеме многу поголема одговорност од една земја која ги нарекува „неверници“?“

Саудискиот дневен весник „Мака“, неодамна објави цртеж кој беше широко споделуван низ социјалните мрежи во кој човек во традиционална арапска облека, заштитен со бодликава жица, покажува кон вратата на ЕУ. „Зошто не им дозволувате да дојдат вие ужасни луѓе“, е циничната негова порака.

Сепак за сега придонесот на заливските земји е неприметлив, речиси никаков.

Трендот во повеќето земји од Заливот, како што се Кувајт, Саудиска Арабија, Катар или Обединетите Арапски Емирати, кога се работи за вработување е насочен кон работници од Југоисточна Азија. Ова особено кога се работи за ниски работни места.

Работни места за луѓето од регионот, а кои не се од заливските земји, има во здравствениот и образовниот систем.

Сепак за сите нив тешко е да останат сигурни во овие земји, бидејќи е речиси невозможно да добијат нивно државјанство без разлика колкав е нивниот престој во овие земји.

Кувајт на пример во 2012 година објави стратегија според која, ќе го намалува бројот на странски работници за еден милион во наредните 10 години.

Како и да е, медиумите кои се во близина на Сирија и понатаму продолжуваат да ги поставуваат прашањата кон овие земји, за кои велат имаат голема одговорност за Сиријците, бидејќи особено последните четири години се појавија многу џихадистички групи, кои го ставаат целиот регион под закана.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.