НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанското општество без улога во македонската криза со корупција

0
By Нова ТВ on September 9, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тоа беше долго топло лето во Македонија. Не само што оваа мала балканска држава е на првите позиции на миграциската криза во Европа, но домашната политичка криза, која се крчка од почетокот на годината, дојде до вриење.

Во февруари минатата година, најголемата опозициска партија го емитуваше првиот дел од серијата на тајни снимки кои велат дека се разговори меѓу високи функционери, меѓу кои и сегашниот премиер. 35 од понатамошните делови од овие “информациони бомби” ја притиснаа нацијата во текот на пролетта и летото. Доколку е вистина, разговорите обезбедуваат јасна слика на една земја обременета од корупција и злоупотреба на службената должност.

Постојат дискусии за тоа, на кои од судиите може да им се верува дека ќе донесат поволна пресуда; гласачки местенки и измамничко регистрирање на гласачите; користењето на јавни средства за купување на луксузни автомобили; па дури и мито што може да се очекува од кинески градежни компании.

Ништо од ова немаше да биде веднаш видливо од извештајот на Европската комисија за напредок за Македонија, објавен во 2014 година, кој содржи реченици како “надлежноста и самостојноста на судот, исто така, треба да биде дополнително зајакната” и “напорите треба да продолжат да изградат резултати, обвиненија и пресуди во случаи на организиран криминал и корупција “. Во извештајот се заклучува дека земјата е подготвена да продолжи во следната фаза од пристапниот процес.

Сепак, дури и Комисијата не можеше веќе да се прави “глува” на запрепастувачките наводи содржани во снимките, и така во април оваа година формира независна комисија која ќе го надгледува владеењето на правото во Македонија, предводено од Рајнхард Прибе, поранешен претставник на Комисијата кој го надгледуваше објавувањето на извештајот на ЕУ за спречување на корупција во 2014 година. Комисијата на Прибе издаде своите наоди во јуни, што за некои ги направи непријатно четиво за владините претставници.

По интензивните преговори во јули оваа година, делумно со посредство на Европската комисија и европратениците, сега постои повеќепартиски договор за спроведување на препораките на извештајот во целост. Ова сега ќе се случи во дијалог со Комисијата.

Исклучени од сето ова, изненадувачки, се организациите на граѓанското општество и граѓаните на земјата. Тоа е изненадувачки, бидејќи ако снимките се вистинити, тие откриваат државен апарат кој беше заробен од елементи кои делат многу од карактеристиките на организирана криминална група. Како би се очекувало од државата да се реформира во овие околности, без отворен и консултативен процес кој вклучува широк спектар на чинители, е прашање на сите.

Транспаренси Интернешнл Македонија, заедно со две значајни коалиции на граѓанското општество во Македонија – Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата и Мрежа 23 – имаат издадено соопштение за нивното несогласување на ваквата состојба на работите и уште еднаш потврдувајќи ја нивната подготвеност да придонесат со нивната стручност. Европската комисија треба да го послуша нивниот повик и да инсистира на еден процес на инклузивни реформи кои можат да ја оживеат доверба која се разниша со “информационите бомби“.

Карл Долан, директор на Транспаренси Интернешнл Канцеларија во Брисел

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.