НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Муижниекс за НОВА: Градењето огради е болно решение

0
By Борјан Јовановски on September 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА: Господине комесар, кога зборуваме за европските вредности, имајќи го во предвид однесувањето на многу од европските земји кон тие вредности, особено за човековите права, како денес тие вредности се разбираат во Европа?

Нилс Муижниекс: Во поглед на миграцијата, барателите на азил и бегалците, европските вредности се исти како и меѓународните стандарди, како што е Меѓународна конвенција за бегалци и Европската конвенција за човекови права. Некои од земјите ги исполнуваат своите обврски а други не, ситуацијата е различна. Но она што го гледаме е дека обемот на проблемот е таков што одредени земји не можат да се справат сами и потребна е солидарност во Европа.

НОВА: Вашата работа е да ги зачувате некои од основните човекови вредности. Кога го гледаме однесувањето на унгарската влада во однос на кризата, можеме ли да кажеме дека се почитуваат европските вредности во овој случај?

Нилс Муижниекс: Јас доста ја критикував унгарската политика кон миграцијата и барањето азил, почнувајќи од извештајот за Унгарија кога го потенциравме односот врз мигрантите. Го критикував и нивниот расистички однос и реков дека оградата е болно и лошо решение, а последниот пакет кои го предвидуваат е исто така лош. Но јасно е и дека тие се соочуваат со огромен проблем, како и цела Европа и потребна е солидарност.

НОВА: Кои се вашите проценки за тоа колку долго ќе трае бегалската криза?

Нилс Муижниекс: За некои земји ова не е нешто ново. Ако ги погледнеме Грција, Италија, Малта, тие веќе имаат неколку годишно искуство со миграцијата. Тешко е да се предвиде колку долго ќе траат сегашните предизвици, но ни треба долгорочен план. Ни требаат флексибилни системи и флексибилна солидарност. Потребни ни се и ресурси и системи за прифаќање на барањата на азил и да се адаптираме на промени.

НОВА: Имате ли проценка за можниот број на луѓе кои сакаат да дојдат во европските земји?

Нилс Муижниекс: Немам кристална топка, немам точни проценки, но јасно е дека сиријската криза е огромен предизвик, и дека има 2 милиони Сиријци во Турција, и некои од нив се обидуваат да дојдат во Европа. Јасно е дека кризата во Авганистан и Ирак продолжува, што значи дека Европа ќе продолжи да се соочува со тоа дека доаѓаат луѓе на кои им е потребна заштита. Затоа мислам дека треба да размислуваме долгорочно и да не бидеме изненадени од она што би можело да се случи.

НОВА: Да го разјасниме поимот бидејќи луѓето различно толкуваат. Што се тие, мигранти или бегалци?

Нилс Муижниекс: Се работи за мигранти, од кои, некои од нив бараат азил кои потоа се признаваат како бегалци, но де факто мнозинството од овие луѓе се бегалци кои бегаат од земји како што е Сирија, која се распаѓа, во која се одвива граѓанска војна, и тие не можат да се вратат назад. Јасно е дека 90 отсто од нив ќе добијат некаков статус на заштита. Истото се однесува и на луѓето од Еритреа или Авганистан.

НОВА: Дали мислите дека Македонија или останатите земји од Балканот, ќе бидат обврзани да прифатат бегалци еден ден?

Нилс Муижниекс: Јас се надевам дека Македонците и другите од Балканот, сакаат да живеат во земја која располага со доволно средства и има демократија, и ќе ги привлекува луѓето кои се прогонети. Мислам дека тоа треба да биде нашата цел, да живееме во земји во кои луѓето ќе сакаат да доаѓаат, а не земја од која луѓето ќе сакаат да се исселат. Мојата моментална перцепција е дека Македонија важи за земја низ која сакаат само да транзитираат, додека Македонија ја продолжува својата борба да се интегрира во Европа, се надевам дека ќе стане напредна земја. Но јасно е дека на Македонија и е потребна поддршка за да се справи со новите предизвици, и потребна и е помош од Меѓународната заедница, од ЕУ, и од Своетот на Европа за да се справи со сегашните предизвици.

НОВА: Но министерот за надворешни работи, рече дека помошта која и е ветена на Македонија, се уште не е пристигната.

Нилс Муижниекс: Досега имавме многу зборување а малку дејствување, многу ветувања а малку планови. И јас чекам да ги видам парите и да видам промена во законодавството, чекам да ги видам политичките договори. Има уште многу работи кои треба да се направат, а во моментов мислам дека сме во пресвртна фаза кога политиките за миграција и политиките за азил треба да вродат плод, но знам дека е тешко за земјите во кои има тензична средина. Дури и УНХЦР, агенцијата задолжена за бегалците нема доволно средства и потребна и е помош, а Меѓународната заедница мора да се вклучи и да му помогнат на УНХЦР, за тие да можат да им помогнат на земјите како што е Македонија за да ги исполнат своите обврски.

НОВА: Бегалците од Турција влегуваат во ЕУ, односно во Грција а потоа транзитираат низ Македонија и Србија. Нели е полесно за нив да бидат транспортирани од ЕУ (Грција) во другите земји од ЕУ (каде што сакаат да одат)?

Нилс Муижниекс: Грција не може да се справи со овој предизвик сама. Грчкиот систем е истоштен веќе неколку години. Но барем засега европските земји беа солидарни кон Грција, кон Италија, кон Малта или кон Турција кога се работи за ова прашање. Јасно е дека ова треба да се промени. Чекор напред е што се оди кон „принудно волонтирање“ за да се реши кризата со бегалците.

НОВА: Што мислите, кои се заклучоците за тоа како Македонија се справува со кризата досега?

Нилс Муижниекс: Не сум бил во Македонија веќе две години, така што тешко ми е да дадам длабока проценка. Јасно е дека Македонија не беше подготвена и беше изненадена од приливот на мигранти. Некои од материјалите кои ги видов укажуваат на загриженост за постапките на полицијата како ги третираше барателите на азил. Но јасно е дека на Македонија и е потребна помош, како и на другите земји во регионот, за да воспостават систем за азил кој добро функционира, за да воспостави добро менаџирање на границите и да ги исполни обврските кои произглеуваат со членството во Советот на Европа.

НОВА: Во моментов имаме околу 2.000 бегалци дневно кои минуваат низ Македонија. Сметате дека ова е врвот или мислите дека ќе има се повеќе и повеќе бегалци?

Нилс Муижниекс: Мислам дека треба да бидеме подготвени за нови бранови на миграција од Сирија, со оглед на војната која се случува таму. Но исто така, луѓето преминуваат и од Турција, бидејќи многумина од нив додека беа таму се надеваа дека конфликтот ќе заврши, а сега е јасно дека тоа нема да се случи. Ние треба да бидеме подготвени, не смееме да бидеме изненадени од нивното доаѓање. Колку ќе дојдат тешко е да се каже. Во летните денови сигурно дека има повеќе отколку во зима, но да кажеме дека ќе заврши кризата тоа би звучело нереално. Мораме да бидеме флексибилни и да мислиме долгорочно.

НОВА: Можеме ли да очекуваме безбедносни последици по оваа криза, со оглед на тоа што Балканот е ранливо место?

Нилс Муижниекс: Мислам дека се работи за една извртена интерпретација. Луѓето кои очајнички пристигнуваат, ризикувајќи ги своите животи на бродови, до Грција, Италија или Малта, секако не се терористи. Секако дека мораме продлабочено да анализираме за секој индивидуалец, можеби некои луѓе да бидат ризик по безбедноста, но не сметам дека тоа што се поставува војска по границите и пристаништата е во ред. Ова е хуманитарна криза.

НОВА: За крај, кои се вашите гледишта за почитувањето на човековите права во Македонија генерално, со оглед на случуваањата последните неколку месеци и скандалот со прислушувањето?

Нилс Муижниекс: Видов дека има закани кон новинарите, и мислам дека тоа е многу сериозна тема, бидејќи од слободата на новинарите и слободата на медиумите доаѓаат и другите слободи, како и функционирањето на демократијата. Исто така информиран сум и за скандалот со прислушувањето и сметам дека неопходна е објективна истрага за да се посочат оние кои се одговорни за прекршување на правото на приватност. Се уште не сум видел резултат што се однесува на тоа, и секако се надевам дека ќе биде спроведен договорот за излез од политичката криза, и дека сите партии ќе имаат фер и демократска шанса на изборите во април следната година

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.