Дипломатски извор на НОВА близок до вклучените во преговарачкиот процес за имплементирање на договорот од Пржино вели дека владејачката партија ВМРО ДПМНЕ одбива специјалниот обвинител да формира сопствен тим со којшто би работел.
– Најмалку десет обвинители се потребни во тимот на специјалниот обвинител затоа што голема е веројатноста да има потреба од покренување истражни дејства и во странски држави. Настрана тоа, ако тој обвинител е сам нема да биде возможно никаква работа да заврши без свој тим и ќе биде затворен во канцеларија, вели изворот за НОВА.
Работата околу изборот на специјалниот обвинител одела тешко од овие причини, а врз власта се врши силен дипломатски притисок и тоа од високи претставници на меѓународната заедница.