Универзитетските професори Љубомир Фрчкоски и Рената Дескоска како претставници на СДСМ и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Благородна Дулиќ и Илија Димовски се четворицата членови на комисијата за расветлување на инцидентот во Собранието од 24 декември, познат и како црн понеделник.
Ова е епилог од денешната консултацијата на претседателот Ѓорге Иванов со генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски и на СДСМ, Андреј Петров, кои на маса ги ставија ги имињата на своите членови во комисијата.
Преостанува името на петиот член како претседател на комисијата, за кого е потребен консензус.