Славниот струмичкиот карневал започна вчера, со над 3.500 маски, од кои најголемиот дел се домашни. Карневалот трае седум дена, а е директно поврзан со верскиот празник Тримери – празник на армасаните.
-Очекуваме најдобро издание на Струмичкиот карневал- навистина се работи за мајстори и врвни креатори во правењето на маските. Меѓутоа, тоа што вечерва го гледам се граничи со фанатизам, се граничи со една голема љубов кон карневалот и горд сум што сум дела од таа приказна. Значи, Струмица покажува дека од година во година живее со својата вековна традиција, рече Александар Цицимов, претседател на Организациониот одбор на струмичкиот карневал, јавува порталот “Фактор”.