Британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон во интервју за Радио Слободна Европа акцент става на важноста од мирни, фер и демократски избори.
Ивон говорејќи за надежта дека изборите ќе поминат без проблеми, образложи: “Тој аспект на репутација е многу важен. Слоганот е „каков белег ќе оставиме“. Тоа е белег кој го остава секоја индивидуа, семејство, заедница и општина. Тоа белег и на регионално ниво, затоа што и останатите држави гледаат како биле спроведени изборите во Македонија, меѓународен белег, затоа што меѓународната заедница сака да види избори кои ќе бидат за гордеење, а не за загриженост”, вели британскиот амбасадор Кристофер Ивон во неделното интервју на Радио Слободна Европа.