НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Хан: Изборите во април ќе бидат доказ за европската зрелост на земјата

0
By Влатко Чаловски on September 18, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Ефективното спроведување на изборите во април следната година според неопходните реформи, ќе биде доказ за европската зрелост на Македонија, порача денеска еврокомесарот Јоханес Хан по средбата со премиерот Никола Груевски и дел од министрите во Владата.

– Со цел да се направи тоа, потребен е регуларен изборен законик, а со цел да се постигне тоа, би можел да се согласам со сите политички партии, најдоцна до 6.октомври да постигнат договор за новиот изборен законик. Би сакале да ја видиме вашата земја како почитуван член на европското семејство, но има уште многу работа. Ќе видиме каков ќе биде извештајот за напредокот. Следниот чекор секако мора да бидат неопходните мерки за да се спроведат изборите како што беше договорено, а тоа ќе биде доказ за европската зрелост на земјата, порача Хан.

Одговарајќи на новинарско прашање, Хан порача дека доколку работите не одат во вистинскиот правец, вниманието повторно ќе биде насочено кон Македонија.

Во изјавата тој го поздрави изборот на специјалната обвинителка и рече дека и преостанува да го преземе предизвикот кој следува, а исто така го поздрави и враќањето на опозицијата во Парламентот според договореното.

Тој дополни дека улогата на граѓанските организации и слободата на медиумите се многу важни за развојот на демократијата во земјава, и дека сака Македонија да ја види како рамноправна членка во ЕУ.

– Европските аспирации се живи. Се преземаат мерки за да се одржат европските перспективи на земјата…Сакам да ја видам Македонија во семејството на ЕУ, но останува многу да се работи. Ќе видиме каков ќе биде извештајот за напредокот. За сега можам да кажам само дека релевантните политичари ја сфатиле одговорноста која ја имале во својата држава, изјави тој.

Хан се осврна и на бегалската криза, обвинувајќи ја Европската унија бидејќи не ја завршила својата работа.

– ЕУ треба да си ја заврши својата работа. Бегалците не треба да заглавуваат во вашата земја и во Србија. Земјите од регионот не треба да станат паркинг места. Ние Европјаните треба да работиме заедно, солидарно со САД, земјите од Заливот и Русија на политичко решение. Тоа е коренот на проблемот, рече Хан.

Премиерот Никола Груевски пак, смета дека дијалогот за специјален обвинител е добар пример дека можеме да постигнеме решенија кој не водат во правец на ЕУ.

Премиерот потенцираше дека започнувањето на преговорите со ЕУ е примарна цел на Македонија, а процесот на евроинтегрирање е можен само со засилен ангажман.

– Во изминатиот период остваривме значителен напредок во обврските од постигнатиот договор. Беше избран јавен обвините и опозицијата се врати во Собранието. Постигнатиот договор за политичката криза и процесот за негова имплементација треба да се искористи како можност за паралелно рестартирање на евроинтеграцискиот процес, изјави Груевски.

Тој му порача на Хан дека Европската унија треба да дозволи пристапните преговори да течат парлалено со наметнатите разговори за спорот со името со Грција.

Изјавите на Хан и Груевски следеа по пленарната седница на Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската комисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.