НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скромниот папа има контроверзно минато

0
By Нова ТВ on March 17, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Папата Францис е претставен како скромен и едноставен човек, но неговото минато е обоено со контроверзи околу чувствителени теми како што се геј браковите и политичките злосторства.

Се поставуваат прашања околу активностите на Францис за време на мрачните денови на нацијата: т.н. валкана војна, кога Аргентина беше управувана од страна на диктатори. Прашањето за хомосексуалните беше во фокусот за време на политичка борба на Францис со претседателот на Аргентина.

Конзервативниот папа можеби за некои прашања има непопустив став, велат експертите, но тој може да биде флексибилен за некои други прашања.

“Грешите ако мислите дека (Францис) нема да промени ништо”, изјави Густаво Жирар, пензиониран лекар кој го познаваше Францис за време на неговите рани години во свештенството. „А дали тој утре ќе ги одобри на геј браковите? Не“

Не бидете изненадени, ако новиот папа покажува флексибилност кон контрацептивните средства, но, не очекувајте да попушти на противниците на Католичката црква за абортусот, вели Жирар.

Многубројни се пофалбите на Францис како страствен проповедник и прагматичен човек го претпочита јавниот превоз пред приватни автомобили. Тоа оди во прилог на неговата репутација како независен мислител. Но ако се погледне подлабоко во историјата на Францис, ќе видите комплексен човек кој е формиран од времето во кое живеел.

Мрачни времиња

Најмрачниот период во периодот на подемот на Францис можеби е времето кога тој беше на чело на редот на Језуитите во Аргентина..

Во 1976 година, за време на диктатурата во Аргентина, морнарицата ги киднапираше свештениците Орландо Јорио и Франциско Јаликс. Некои го обвинуваат Францис, тогаш на чело на Језуитското Друштво, дека не направил доволно за да се наметне со своето влијание и да ги ослободи. Тие биле пронајдени пет месеци подоцна.

Инцидентот доведе до гласини и обвинувања дека Францис бил соучесник во ужасни злосторства за време на диктатурата – дека тој не сторил доволно за затворенните свештеници, а можеби и дека бил дури и делумно одговорен за продолжениот притвор на свештениците, вели Џим Николсон, поранешен американски амбасадор во Светата Столица.

Иако обвинувањата против Францис никогаш не се докажани, тие продолжуваат да го прогонуваат, толку многу што групата за човекови права „Центар за правни и социјални студии во Аргентина“ отворено се спротивстави на изборот на Францис за папа.

Околностите поврзани со киднапирањата на свештениците се уште “не се разјаснети”, изјави директорот на групата, Гастон Чилие.

Многу од обвинувањата против Францис беа истражувани од аргентинскиот новинар Хорацио Вербицки, кој напиша книга за улогата на црквата, за време на диктатурата во Аргентина.

Во текст од 2010 година, новинарот Вербицки тврди дека Францис лажел под заклетва во истрагата за кражба на бебиња од затворениците за време на диктатурата.

Францис сведочел дека не знаел ништо за кражба на бебиња се’ до падот на диктатурата, напишал Вербицки, но жртви што тој ги интервјуирал тврделе дека Францис цело време знаел за злосторствата со бебињата. Една од жртвите изјавила дека му напишала писмо на Францис за тоа. .

Но амбасадорот Николсон тврди дека нема докази што ќе ги поддржат тврдењата.

Овие сериозни обвинувања беа отфрлени од страна на Ватикан. Свештеникот Федерико Ломбарди, портпарол на Ватикан, ги отфрли тврдењата како лажни и како клевети.

“Кампањата против (Хорхе Марио) Бергољо е добро позната и датира од пред многу години. Се раоти за клевети и лажни обвиненија”, изјави Ломбарди на прес конференција во Ватикан. Портпаролот го користеше името на папата пред да стане пред да стане папа.

Аргенските судски органи еднаш го испрашуваа Бергољо, но е биле пронајдени докази против него, информираше портпаролот Ломбарди, додавајќи дека Бергољо ги негираше обвинувањата против него.

“Неговата улога е добро забележана за тоа како тој се залагаше за помирување во Аргентина”, рече тој.

Борбата

И на крај, тука е и борбата помеѓу надбискупот и претседателот.

Во 2010 година, претседател Кристина Фернандез де Киршнер водеше битка да се донесе законот за легализација на хомосексуалните бракови.

Францис, тогаш главен бискуп на Буенос Аирес, влезе во борбата, нарекувајќи го предложениот закон “деструктивен напад врз Божјиот план.”

Со контраудар на насловните страници претседателот и’ одговори на црквата дека е опседната со „ставови кои потсетуваат на средновековните времиња и Инквизицијата.“

На крајот предлогот стана закон и Францис поразен го напушти бојното поле.

Меѓутоа, за поддржувачите ова беше како доказ за неговите традиционалистички погледи.

Можеби заради тоа не е изненадување сувата честитка од претседателот на Аргентина Киршнер што му ја упати до Францис по повод неговиот избор, рече Розендо Фарга, аргентински политички аналитичар.

Претседателот не успеа ни да спомене дека Францис е прв папа од Аргентина или од западната хемисфера, а тоа може да е сигнал дека неговата влада може да има спротивни чувствува од оние на црквата.

Пресврт

Францис “беше критичар на корупцијата, на социјалната нееднаквост, употребата на дрога, трговијата со луѓе – прашања кои во реалноста не беа предмет на конфронтација, но дека владата можеби ги става на агендата на конфронтација”, изјавил Фарга.

Жирар, пензионираниот лекар кој го познаваше Францис за време на неговите рани години во свештенството, поинаку ја толкува оваа војна со зборови зборови. Фанцис не беше напразно против предлог законот, туку беше против она што тој го виде како опасност да ја подели земјата на политички граници.

Ова е причината зошто кардиналите го избрале, Жирар рече: „Францис не можете да го вклопите во калап“.

„Тие (кардиналите) можат да бидат прогресивни или конзервативни“, рече тој, „но, тие не се глупави.“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.