Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доказите за „Телеком“ под тепихот на обвинителството

0
By Нова ТВ on September 25, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 25, 2015 20:09

Автори: Сашка Цветковска и Горан Ризаов

Документи од истрагата која се водела во Обвинителството во Македонија до коишто дојде НОВА покажуваат дека голем дел од деталите изнесени во јавноста во врска со меѓународната истрага за „Телеком“ им биле познати на македонските органи на правдата во време кога истрагата се отвори во Македонија. Од преводи на меѓународните ревизии и сослушаните сведоци во Будимпешта, до увиди во емаил преписки, банкарски транскации на физички и правни лица инволвирани во скандалот-сето ова било дел од досието „Телеком“ кое години наназад лежи во фиоките и чека специјални обвинители и специјални времиња за истрагата да вроди со плод, а оние кои ги зеле мито и ги оштетиле македонските граѓани да одговараат пред органите на правдата.

Документите јасно покажуваат дека Основното јавно обвинителство за гонење организирран криминал и корупција започнало активна и опсежна истрага во врска со обвинувањата. Постојат стотици документи само од банкарските сметки на фирмата „Камени мост АД“ од чии што сметки се префрлиле милиони евра на сметката на кипарската „Чаптекс“, пари кои според американскиот суд служеле за поткуп на македонски топ функционери од страна на „Маџар Телеком“.

Во тоа време јавен обвинител во одделението за гонење на сторителите на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција е актуелниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски, а само една година подоцна,, односно во 2009 година тој станува шеф на тоа одделение.

Во август 2008 година Управата за спречување на перење пари на чело со Ване Цветанов доставува предлог до Јавното обвинителство да се замрзнат сите сметки на компанијата „Камени мост комуникации АД“ која е веќе во процес на ликвидација под сомнение за „сомнителни транскации кои потекнуваат од дивиденди од Телеком со цел истите да бидат извлечени и префрлени на странски правни лица по сомнителни основи“. Понатаму во документот се вели дека „сомневањата се во насока на тоа дека оваа фирма постои со цел да се извлечат парите од превисоките дивиденди кои „Маѓар Телеком“ го добива од „Македонски телекомуникации“ и по пат на прикривање на трагата на парите префрлани се на повеќе сметки по сомнителни основи при што постои основано сомнение за сторено кривично дело перење на пари“.



Истиот месец по барање на обвинителството истражен судија носи одлука за замрзнување на сметките на овааа фирма во сопственост на „Маѓар Телеком“, а чии сметки, според меѓународната истрага се користеле за исплата на поткупот на македонски функционери.

Постојат уште стотици документи и изводи од банкарските сметки на компанијата во земјава кои се собрани по барање на Управата заа спречување на перење пари и се доставувани во обвинителството.

Во уште еден од документите кои ги разгледа НОВА од истрагата на Американците, а којшто бил дел од архивата на јавното обвинителство детално се опишува улогата на Дејан Мицковиќ, тогашен претседател на одборот на директори на „Македонски телекомуникации“ во подготовката на „Проколот за соработка“. Во документот насловен како „Мислење по договорот со МАТАВ“пишува дека е подготвен од страна на тогашниот Претседател на Одборот на директори на Македонски телекомуникации Дејан Мицковиќ и двајцата Државни советници на премиерот, Јован Пејковски и Љупчо Фармаковски.

Овој документ е анализа на добрите и лошите страни на првичниот договор кој наводно бил предложен од страна на Матав. Мицковиќ и советниците на тогашниот премиер Владо Бучковски препорачуваат договорот да не се потпишува бидејќи „ниту премиерот, ниту Владата, не можат да порпишат договор со кој ќе се обврзат да не спроведуваат закон што е донесен во парламентот зошто го кршат Уставот и законите.

Наместо тоа, тие предлагаат да се направи устен договор, а „како крајна солуција“ да се потпише Протокол за соработка. Токму овој Протокол за соработка подоцна ќе стане еден од централните документи во долгогодишната правна битка на Комисијата за хартии од вредност во САД против поранешните директори на Маѓар Телеком, Елек Штрауб, Томаш Морваи и Андреас Балог.

Содржината на Договорот од Матав, за кој дале мислење експертите на 05 мај 2005 година е слична на содржината на Протоколот за соработка, предвидува одложување на влезот на трет мобилен оператор на пазарот, исплата на дивидендите, соработка со виртуелен мобилен оператор на Косово и сл.

Тројцата експерти во мислењето предупредуваат на правните последици од потпишување на ваков договор ако тој биде изнесен во јавноста, а и потенцираат дека е можна „реакција на опозицијата дека владата крши Устав и закон и дава привилегирана позиција за една компанија“. Исто така, се вели дека со објавувањето на ваквиот Договор, се очекува „покренување на постапка од страна на Антикорупциската комисија, која ваквиот договор би го квалификувала како штетен“.

Дејан Мицковиќ од страна на ревизорите според анализата во документите се смета за клучен сведок за активностите на челниците во „Телеком“ и македонската влада, а истрагата напоменува дека „во 2006 година си дал неотповиклива оставка од функцијата во „Телеком“ само два дена по изборите“ и дека во 2007 година направил обид да емигрира во Канада со семејството.

Иако ваквиот првично предложен Договор меѓу Владата и Матав не е потпишан, истрагата во САД покажа дека Протоколот за соработка бил потпишан, а во Македонија била покрената кривична постапка против четворица странски државјани. Но, случајот сè уште не е расветлен и ниту еден македонски државјанин не се гони за корупцијата во Телекомот.
Македонската јавност повторно се заинтересира за овој случај по објавата на сведочењето на поранешниот шеф на македонската тајна служба Слободан Богоески, кој сведочеше дека по заминувањето од функцијата бил сведок на тајните коруптивни зделки како консултант на грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас. Токму Кондоминас и неговите компании регистрирани на Кипар се осомничени за посредници при корупциските зделки.

СЛЕДУВА во понеделник

Како истрагата од активна и опсежна се претвори во мртва и неефикасна? Зошто во тоа време ВМРО ДПМНЕ како партија на власт не би била заинтересирана докрај да истражи и реши случај во којшто се сомничат топ функционери од претходната влада? Што се случуваше во 2008 година со зделката со зградите на „Телеком“ за којашто сведокот Слободан Богоевски тврди дека била средство за поткуп на функционери од актуелната влада за да се сопре истрагата за „Телеком?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.