НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најдовски: Скопје се соочува со лоши одлуки на градските власти

0
By Борјан Јовановски on September 29, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик – градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, одговорен за транспорт и јавен превоз, кој по потекло е Македонец во интервју за НОВА зборува за тоа како големите метрополи се соочуваат со проблемот со сообраќајот и загадувањето, кои конкретни мерки ги презема Париз и на што треба да се фокусираат градските власти во Скопје.

-Скопје е еден од најзагадените градови во Европа, особено во зимските месеци кога е магливо. Што мислите дека би требало да се преземе за да се подобри состојбата на квалитетот на воздухот?

Најдовски: Сите големи метрополи се соочуваат со проблеми во сообраќајот. Во Париз, во минатите 10 години сообраќајот со автомобил беше намален на 25 проценти, кога јавниот превоз беше зголемен. Гледам дека во Скопје се оди во обратна насока. Мислам дека на долг рок тоа не е решение. Кога давате се повеќе простор за сообраќајот тој се зголемува и немa крај. Затоа треба да коегзистираат сите начини на мобилноста, но со приоритет на јавниот превоз со трамвај, автобуси и со велосипеди. Исто така, за жал гледам дека во Скопје се сечат дрвја и наместо се градат нови објекти или паркинзи. Треба да се заштити зеленилото в град.

Многу е битно да има зеленило во градот, кое држи свежина, дотолку повеќе што е сега сигурно дека ќе има глобално затоплување на земјата. Треба исто мерки за намалување на загадувањето од индустријата (да се инвестира во филтри, во нови процеси на произведување), од земјоделство ( без или со помалку хемикалиии) и од градење.

-Какви се вашите искуства на овој план со Париз?

Најдовски: Прво треба да има голема воља во градските власти. Ние имаме шанси што градоначалничката на Париз е убедена дека треба да се преземат силни мерки. Ние работиме во две насоки. Прво, да го намалиме сообраќајот. Ќе инвестираме во наредните 5 години 9000 милиони евра во развој на јавниот превоз со трамвај, метро и автобус, 150 милиони во развој на велосипедски патеки.

Второ, бараме луѓето што се со автомобили да употребуваат друг начин на превоз. Да не го земаат автомобилот секој ден, да не седат сами в кола, туку да го делат превозот со други, така што ќе има се помалку автомобили. Таков систем е добар за екологија, за здравјето и е економичен систем затоа што се делат трошоците.

-Би можеле ли да наведете конкретни мерки кои донеле резултат?

Најдовски: Во последните 15 години, со политиката која дава приоритет/предност на јавниот транспорт, сообраќајот беше намален за 25 отсто во Париз. Нивото на азотни оксиди кои се локални загадувачи, беше намален за 32 отсто, а емисиите на стакленички гасови е намален за 9 отсто. Уште треба да продолжиме со нашите напори, но одиме во добра насока.

-Дали сте подготвени да им го пренесете вашето искуство на градските власти во Скопје?

Најдовски: Да, но градските власти во Скопје треба да бидат убедени дека треба да се оди во таа насока. Но, гледам дека се оди обратно, дека се шират улиците за повеќе сообраќај, дека пешаците и велосипедистите немаат доволно простор за движење, дека се сечат дрвја и се руши зеленилото за да се градат катни гаражи. Тоа се лоши одлуки. Деновиве обиколницата во Скопје е затворена за сообраќај, бидејќи една француска продукциска компанија платила за да го изнајми тој простор за снимање филм…

-Дали вие би дозволиле да се затвори обиколница за вакви потреби?

Најдовски: Не. Можеби затоа француската продукција дојде во Скопје. ..Сепак, во Париз се снимаат секоја година над 500 филмови и мора да се организира можноста да се снима. Постои еден градски сервис кој управува со сите работи, за да може да се снима, оти тоа е важно за имиџот на градот и да не се создаде хаос.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.