Точно 55 години по објавувањето на култната книга „На пат“ од Џек Керуак, почна да се прикажува филмската адаптација на филмот ( во Скопје е на репертоарот на кино „Милениум“)
„На пат“ е во режија на Валтер Сејлс, а улогите ги толкуват Виго Мортенсен, Сем Рајли, Кристен Стјарт.
Филмот ја раскажува приказната за Сал Перадајс, њујоршки писател, кој непосредно по смртта на својот татко го запознава Дин Мориарти, неверојатно шармантен поранешен осуденик, кој е оженет со слободоумната и заводлива Мери Лу.
Тие тргнуваат на пат низ Америка, но за разлика од книгата која беше култна зашто зборуваше за потрагата на главните јунаци по нивните татковци, браќа, по традицијата, изгубените сонови на Америка по Втората светска војна и конечно за себе пронаоѓањето, филмот за сето ова зборува површно, без да ги долови вредностите на книгата.
Филмската верзија ги покажува главните јунаци како шармантни момци кои тргнуваат на патување затоа што тоа е модерно, а не како луѓе што не гледаат иднина во светот што им се нуди, кои беа остра критика на општеството.