НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Партиските подмладоци пасивни околу младинските проблеми

0
By Нова ТВ on March 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младите сили во партиите кои се сконцентрирани во подмладоците, повеќе се занимаваат со партиските активности и проблеми отколку со оние на младите.

Ова е заклучокот кој може да се донесе, ако се погледнат одговорите на прашањата кои Радио МОФ ги постави до повеќето претседатели на партиските подмладоци.

Иако младите партиски лидери јасно ги идентификуваат најголемите проблеми на младите кои се провлекуваат со години, како што се невработеноста, партиските и селективни вработувања, одливот на мозоци или пак немањето закон за млади, тие скоро и да не посочуваат активности кои се насочени кон нивно решавање.

Повеќето партиски подмладоци се сконцентрирани на организирање семинари или пак учество во активности диригирани од матичните партии.

На прашањето, кои се најголемите постигнувања на подмладокот на вашата партија за 2012 година, претседателката на подмладокот на ДОМ, Симона Сарделиќ го издвојува Денот на дрвото и организација на семинари за „зелените теми“, додека пак лидерот на подмладокот на ДУИ, Беким Мемети како позначајни постигнувања ги издвојува културните манифестации за денот на Албанската државност и одбележувањето на денот на паднатите борци на УЧК.

Претседателот на младината на Демократскиот сојуз, Даниел Ефтимов вели дека тие во 2012-та целосно се посветиле на подготвувањето за локалните избори, додека неговиот колега од СДСМ, Дарко Давитковски за најголемо постигнување го издвојува признанието од подмладоците на европските партии како најактивни младина на Балканот, заради меѓународните конференции кои ги организирале.

Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО – Народна партија како поголемо постигнување ја посочува иницијативата за членување во организацијата на Европски Народни партии.

Лидерите на младите сили во ВМРО-ДПМНЕ, Диме Спасов и во ДПА, Валон Изаири и покрај тоа што беа контактирани пред повеќе од две недели заедно со останатите партиски подмладоци , се уште го немаат исполнето ветувањето дека ќе одговорат на нашите прашања.

Кристина Озимец

ИЗВОР: РАДИОМОФ

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.