Имплементирана е огромна платформа за дупчење во водите на Охридско езеро, кај населбата Елешец.
Платформата нема сопствен погон а до средината на езерото „ќе патува“ поврзана на неколку бродови.
Со оваа активност ќе се испитува староста на едно од најстарите езера во светот. Според екипите што работеле на монтажата, со неа ќе се врши испитување на дното на Езерото до 2000 метри длабочина.
Неодамна по испитувањата направени од стручњаци од Германија, соопштено беше дека на делови од дното пронајдени се честички исфрлени од вулканот Везув во Италија, кои ветрот ги донел до Охрид.
По појавата на палтформата се шират гласини дека некој бара нафта во езерото.
Според досегашните испитувања се претпоставува дека езерото е старо помеѓу 3,5 и 4 милиони години, но германските експерти сметаат дека е многу постаро.