Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со оптимизам и реализам

0
By Нова ТВ on October 13, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 13, 2015 16:17

Пишуваат: Зигмар Габриел – вицеканцелар на Германија и германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер

Што им должиме на оние што се загрозени од војната и насилството? Што и колку може да издржиме? Кога ќе се стигне до крајните граници на оптовареноста? Секое од овие три прашања е оправдано. Но, доколку дебатата се одвива само уште помеѓу медиумски заостреното „Ќе успееме во тоа“ и „Бродот е преполн“, тогаш постои опасност прашањето за бегалците да го расцепи нашето општество. Потребна ни е искрена дискусија за реалните можности за дејствување.

Кон искреноста припаѓаат неколку констатации:

Да, големо мнозинство од луѓето кои пристигнуваат кај нас навистина бегаат од области кои се зафатени со војни и граѓански војни или непосредно од соседните региони.

Да, имавме голем процент на бегалци од Западен Балкан. Но, тие немаат шанса да им се признае правото на азил. Мора брзо да се вратат во татковината.

Да, и покрај подготвеноста за помош на Германците, која не може да со спореди со ништо досега и огромниот придонес на општините, мора да го направиме тоа што можеме за повторно да се намали бројот на доселеници во Германија. Ние не можеме трајно, секоја година, да прифаќаме и интегрираме повеќе од еден милион бегалци.

Кон искреноста припаѓа и признанието дека само со средства од германската внатрешна политика и без Европа не можеме да влијаеме на динамиката на миграцијата; а дури и во тој случај, нема да може преку ноќ да се стави крај на овој тренд.

Германија дејствуваше. Покраините и општините ќе бидат растеретени. Со пакетот за азил создадовме национални предуслови за да може да им се помогне на оние кои вистински имаат потреба од заштита. Но, притоа не ја напуштаме нашата култура на правна држава заедно со основните права, загарантирани со уставот.

Едно е јасно: Истрајно и решително мора да работиме на меѓународни и особено европски решенија, за да може повторно да се намали притисокот врз Германија. Затоа ни е потребна повеќе доверба дека националниот егоизам не нуди излез, а заедничкото дејствување им користи на сите.

Одлуката во ЕУ за распределба на 120.000 бегалци е добра, но не е доволна. Потребен ни е траен европски клуч за распределба.

Имаме функционални европски институции, но тие не се прилагодени на моменталниот бегалски бран. На ФРОНТЕКС му е потребен повеќе персонал за обезбедување на надворешните граници на ЕУ и треба да биде реформиран во европска служба за заштита на границите. Задоцнето е заедничкото обезбедување на границата со Турција во источниот дел од Средоземното море. Европската канцеларија за поддршка на азил ЕАСО веќе претставува зачеток на европска служба за азил. И во овој дел треба да преземеме храбри чекори на интеграција.

Мораме да ги поддржиме Грција и Италија при создавањето на „европски центри за пристигнување“. Во нив мора консеквентно да се регистрираат сите бегалци кои пристигнуваат и потоа правично да се распределат во рамки на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.