НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градска болница може да престане со работа?

0
By Менче Атанасова Точи on March 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Градската општа болница „8 Септември“може да остане без неопходните лекови, парно и струја доколку не си ги плати долговите од околу 2,5 милиони евра. Веледогериите веќе започнале да не испорачуваат доволни количини на лекови, а еден куп извршни решенија чекаат за наплата на мазут, струја, вода.

Доколку не се платат долговите ќе биде доведена во прашање работата на болницата во која од пред една година се пренасочуваат сите пациенти од Скопје но и пошироко.

Информација за НОВА ја потврди директорот на болницата Сашо Стојчев. Тој тврди дека секојднево добиваат писма со отворени закани дека ќе им биде исклучена струјата, водата, парното греење.

Буџетот на болницата годинава изнесува 8,5 милиони евра. Доколку не се платат долговите до крајот на годината, вкупниот долг ќе достигне до 60 проценти од целокупниот буџет.

Стојчев вели дека во Фондот за здравствено осигурување знаат за овие притисоци и блокадата од веледрогериите, но и дека долговите секој месец се зголемуваат за 15 до 20 проценти. Тој вели дека се надева дека Фондот ќе изнајде некакво решение иако засега нема никаков одговор од таму.

И покрај тешкотиите од болницата велат дека не застанале со работењето иако се многу оптоварени со работа поради пренасочувањето на пациентите. Минатата година направиле рекордни 47 000 снимања на рентген и КТМ, а скапите контрасни средства, стабилизаторите и одржувањето на апаратите уште повеќе ги зголемуваат трошоците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.