НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандорината кутија е отворена

0
By Нова ТВ on October 16, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Борис Камчев

Како што вели онаа народната “да си апнеш од јајцето”. Имено такво е расположението на официјален Вашингтон деновиве откако Русија неодамна започна бомбардирање и воена интервенција во Сирија. Под закрилата на “борба за конечно уништување на Исламската држава (ИСИС)”, Кремљ на 30 септември отвори воена кампања со воздушни удари на ловци и ракети во регионот со години обременет со граѓански војни и тероризам.

Сирија и северен Ирак се жариштата на нестабилност на Блистиот Исток кои силно горат со години и нема изгледи за нивно гасење во догледна иднина.

Многумина се прашуваат кои се целите на рускиот претседател Владимир Путин, откако се увиде дека во првиот бран ударите беа насочени кон припадници на Слободната сириска армија, составена од едно десетина порадикални и поумерени исламски фракции и групи, а не кон исламистите.

И додека реакциите на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама се, благо речено, анемични, западните аналитичари и набљудувачи ја коментираат немоќта на Вашингтон и политиката на Обама на воздржување од поголеми интервенции во граѓанската војна во Сирија и сопирањето на ИСИС таму и во Ирак.

Реков дека нема изгледи конфликтот да се реши: Ситуацијата стана уште покомплексна откако се вмеша и Русија. Овој конфликт ја потресе цела Европа, а напорите за негово елиминирање од страна на коалицијата предводена од Америка во која учествуваат сите важни играчи во регионот како Турција и Саудиска Арабија, се без разултат.

Улогата на Кремљ да ризикува со впуштање во една нова воена авантура (после онаа во Украина, сега во замрзната фаза) е повеќе од јасна – Путин уште од самиот почеток на сириската драма го брани режимот на Башар Асад.

Од лични причини, како поддршка на уште еден другар диктатор (Путин е главен во светскиот клуб на диктатори; тој се шокира од сликите на неговиот либиски колега Гадафи чие тело беше влечено и клоцано од бунтовниците). Но и поради финансиски, со тоа што Асад е добар муштерија за руското оружје и воена технологија, кој систематски го употребува против своето население. Како и поради Тартус, единствената руска воена база на Медитеранот, до летово полунапуштено мало пристаниште, каде сега е поставен голем логистички центар.

Единствениот грев на Сиријците е барање за демократска и ненасилна смена на династиската повеќедецинска автократска власт. Реакцијата на режимот беше сурова – со масовни репресии и огнострелно оружје против невооружени протестанти во првите протестни недели во 2011, кога загинаа стотици, за потоа во наредните години да бидат убиени уште стотици илјади во напади со касетни и хемиски бомби и ракети. Граѓанската коалиција на Сирија се организира во Слободна сириска армија која веќе четири години неуспешно се бори против режимските сили.

Постојат неколку причини за овој неуспех на бунтовниците. Стратегијата на Обама за воздржување од директно учество во нови конфликти во регионот е можеби најголемата. Американската политика за решевање на сириската Пандора уште од почетокот беше само на организациско ниво – тренирање, лесно вооружување и мобилизирање на припаднци на ослободителната армија кои во диверзантски групи од дессетина или стотина ќе водат партизански борби против силите на Асад.

Тие се надеваа дека движењето ќе стане масовно. Но бунтовниците имаа недоволна заднинска логистика од коалициските сили со ракети или воздушно (ракетирањата дојдоа отпосле, за уништување на ИСИС), беа оставани сами и изолирани од исламистите со месеци, така, успесите беа мали. Во меѓувреме, силите на Асад кои на почетокот трпеа загуба, се консолидираа и од лани, и посебно од летово, со руска воена помош како тенкови, артилерија и авијација успеа да ги држи своите упоришта во и околу Дамаск. А деновие, со директно воздушна подржка на Москва, освојува загубени села и градови – имено таква подршка што Америка требаше да ја даде на Слободната сириска армија многу порано, а изостана.

Војната трае доволно долго за во неа да настапи трет играч – џихадистите, кои го искористија вакуумот оставен по повлекувањето на американските сили од Ирак во 2011. Тие оттаму прокнижија разни воени успаси и успееја да освојат големи територии во Ирак и северна Сирија и да ги прогласат за калифат. Има неколку исламистички фракции како фронт на Ал-Нусра на пример, некои се предводени од Ал-Каеда и се борат за супремација во калифатот.

Конечно, резултат од анти-интервенционистичката политика на Обама и раскинување со Бушовата ера на војни и интервенции на Блискиот исток – ветувања до Американците дадени во двете предизборија во 2007 и 2011 – е хаос, терор и шоу убиства на главосечачите од ИСИС на териториите под нивна контрола.

Хуманитарна катастрофа со над 200 илјади загинати цивили и околу четири милиони расселени лица, бегалци претежно од Сирија на кои им се приклучија и Ирачани и Авганистанци. Тие се раселени во блиските Ирак, Јордан и Либан, но голем дeл од нив, околу милион, се во турски бегалски кампови близу границата со Сирија. Меѓуота, само до август 2015 над 300 илјади побараа подобри услови за живот во западна Европа со тоа што заминаа на опасно патување преку Егејот кон грчките острови, по Повардарието преку Македонија, за потоа преку Србија и Унгарија или Хрватска да стасат до безбедносите упоришта на Австрија, Германија или Шведска.

Стариот континент од летово е заплиснат со таков бегалски бран невиден од времето на Втората светска војна. Иако маршрутата е ризична. Водите на Егејот проголтаа стотици, бидејќи “трговците со животи”, шверцерите (као оние од Македонски Железници) за добри суми ги праќаат очајните од војната на преоптоварени и несигурни сплавови и чамци. МЖ, на пример, ги праќа на кратката делница Гевгелија-Табановце за 25 евра карта од патник, иако за сите останати превозот со воз чини само 10, со тоа ставајќи ја Македонија, покрај Унгарија, на европскиот столб на срамот.

Но и покрај сите ове сизифовски страдања на патот на надежта преку стотици наутички миљи и илјадници километри, бегалскиот бран не замира, додека ефикасните социјални институции во Германија процесираат илјадиници барања за азил.

И, во целиот овој хаос се појавува Путин, кој како Александар Велики со мечот, со своите ракети “Калибри” и со ловците “Сухој”, се обидува да го пресече Гордиевиот јазол и да ја реши блискоисточната драма.

Позиционирањето во областа Латакија, традиционалното упориште на Алавитите, племето на Асад кое управуваше со Сирија со децении и ги репресираше сунитското мнозинско население, покажа дека Путиновата намера е заштита на режимот. Шеесет километри јужно по крајбрежјето е Тартус, каде се истоварија околу илјада руски воени тренери, командни и специјални сили и воена техника.

Официјално, Москва вели дека главната причинa за интервенцијата во експлозивниот регион е уништување на џихадот. Шиитското население во Ирак мошне лесно падна на руската воена пропаганда. Тоа има огромни проблеми со “Даеш” (као што локално е позната ИСИС), и во Путин гледа спасител.

Њујорк Тајмс Интернешанл вчера пишуваше дека најпопуларна Фејсбук страна кај ирачките Шиити на југот од земјата е со фотошопираната илустрација на Путин облечен во роба на јужните племенски шеици. Добро разработената пропаганда (по украинско сценарио) на Рускиот авторитарен лидер успеа – половина од исламскоит свет “се пали” на ТВ сликите со напади на руски ракети и нивното разурнувачко дејство.

Од друга страна, ако за Шиитите Путин е херој, за Сунитите (најрадикилизираните од ИД, Ал-Нусра и Ал-Каеда се сунити) тој е непријател. Како прво, тој е враг за Слободната сирииска армија, и е уште поголем враг за ИСИС кои прогласија џихад против Русија. Но најважно, Путин се раскара со сите главни играчи во регионот од коалцијата предводена од Америка за борба против исламистите и кои бараат заминување на Асад, како Турција, Саудиска Арабија или Кувајт.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е посебно лут откако руски ловци “Сухој” во неколку наврати навлегоа во воздушниот простор на Турција минатата недела.

Отсега и Русија, како и Турција, после последниот двоен бомбашки напад на терористи-смртници во Анкара при што загинаа стотина, станува опасно место за живеење. Москва е мета на домашните, кавкаски исламисти повратници кои војувале или војуваат на блискоисточните боишта.

Се верува дека во ИСИС има над две илјади и петстотини милитанти кои зборуваат руски и доаѓаат од Чеченија или Дагестан. Тоа стана реалност откако безбедносните служби неделава во Москва спречија група кавкаски исламисти во подготвка на терористичи напади по транспортните јазли на престолнината.

На ова посебно продупредуваат повеќе западни аналитичари а тоа го истакна и претседателот Обама.

Засега, неговата реторика останува дефанзивна и воздржувачка во однос на губењето на позициите во регионот за сметка на Москва. Путин инсистира на заеднички договор за координација помеѓу руските и коалициските воени напори во регионот, и улога на “еднаков меѓу еднаквите”, но Вашингтон останува глув, обвинувајќи го за “неконструктивен придонес во борбата против ИСИС”.

Во следната колумна повеќе за тоа какви се реперкусиите дома и на меѓународен план откако Русија реши воено да интервенира во Сирија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.