НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Масонската ложа во која се вплетка господинот Зврлевски

0
By Биљана Секуловска on October 17, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не мораше посебно внимателно ниту заинтересирано да го гледате интервјуто на Марко Зврлевски со мојот почитуван колега Александар Чомовски на Телма. Однапред е изгледано и изживеано се, целата кариера низ годините на Зврлевски. Нема што повеќе да се каже. Зврлевски одлично се разбира и знае. Повеќе не е во прашање текот на неговата кариера, подемите и падовите. Прашање е само на време, во која институција ќе го помине остатокот на животот.

Она што глуми дека не може да го разбере Зврлевски, како прв човек на Републичкото јавно обвинителство, е наједноставната и наочигледната работа на светот. Специјално обвинителство под палката на Катица Јанева е формирано токму заради неговото раководство со Обвинителството. Само тоа требаше да му биде соопштено, без високи тонови и нетрпеливост.

Поминаа тие времиња на тензија и дезориентираност, апатија и резигнираност, дека ништо повеќе не може да се промени ниту пак да се влијае во оваа земја. Сега се е прашање на мал стрес и голема паника, зависи за која страна станува збор и како ја опишувате улогата на опозицијата (не само партиската) и власта, онаа владејачка структура која посегна по најочигледното- да ја снема Јанева (во политичка смисла) и нејзиниот тим, затоа што се поинаку значи дека самите потпишуваат сопствена егзекуција.

Улогата на еден обвинител, како и судија, секако дека може да подразбира и прикривање на злосторства, корупција, криминал, малверзации и злоупотреби, фалсификување или уништување на одредени докази- тоа не е спорно. Растегливо е поимањето и разбирањето на правниот систем, правдата, чесноста, честа и принципите. Но, последиците за тоа кој пат се одбира, ги сноси токму тој, во случајов Зврлевски или некои негови колеги- обвинители, судии, адвокати, нотари.

Затоа господине Зврлевски, основано е Специјално обвинителство, и затоа, точно како што вие велите, станува збор за политичко тело, формирано со политичка одлука. Конечно, кажете која институција во општеството не е формирана без политички контекст, без политичка волја и ингеренции да делува политички во општеството? Колку пати ќе треба да ви се повтори за да ја сфатите наједноставната работа на светот- дека се е политика, затоа што само со политички одлуки и преку политички институции функционира едно општество во модерна смисла? Вашето Обвинителство зарем не е основано и изгласано со политичка одлука? Велите дека Уставот е прегазен, изземен и прекршен? Вие тоа го велите, кому допрва ќе му бидат испорачани докази за силување и девастирање на целокупната општествена заедница. Уставот може да го преживее Специјалното обвинителство на Јанева, но вас повеќе не може, тоа е одговорот на се што ве мачи. Да, можете вие и бескрајно да бидете навредени, зошто да не, за тоа го имате сето право и широко поле на овој свет.

Погледнете ја историјата на борба против корупција во светот. Дали сте го разгледале случајот на една ужасно корумпирана Гватемала? Формирана е Меѓународна комисија против неказнивост, која играше критична улога во обид на искоренување на корупцијата, преку гонење на највисоките функционери во оваа земја. Можеби ви е под чест да ја споредувате сопствената улога и земја во која работите со Гватемала, земја која ништо и никому не значи?

Но, сепак значела за странскиот фактор, за одредени демократски принципи кои ОН низ годините некогаш успешно, често безуспешно успеваат да ги промовираат.

Затоа што, кога ќе дојдете на ред како тема на масата на големите сили, можете да се збогувате со сите ваши досегашни напори: да се однесувате како да е оваа земја ваша приватна бановина, која сте ја оградиле од надворешниот свет со ѕидини низ кои ползи обраснато трње, а обидот да се преминат или да се побегне од нив подразбира паѓање во немилост на власта, политичко гонење, дискредитирање, малтетирање, изживување.

Има еден расказ на Умберто Еко- “Како да се стане член во ложата ПП2”. Поуката на драгиот Еко, кога ја опишува силната желба да се биде дел од една масонска ложа вреди да се запамти- Не е доволно некој да ве прави глупав, треба и сам да сакате.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.