Околу 30 бездомници оваа зима ќе престојуваат во празна зграда во Манчестер која е во сопствеништво на фудбалските легенди Гери Невил и Рајан Гигс. Поранешните фудбалери на клубот Манчестер Јунајтед, зградата која порано служела како канцеларии за берза, ќе ја реновираат во луксузен хотел.
Весли Хол, активист за човекови права, вели по контактот со Невил, му било кажано дека бездомниците можат да ја користат зградата до февруари следната година.
– Луѓето не се хранат ниту редовно ниту здраво, имунитетите им се слаби. Се што им треба е некој да им даде покрив над главата и да им пружи поддршка, вели Хол.
Невил и Гигс објектот го купија за 1.5 милиони фунти, а во новиот хотел ќе вклучат фитнес-центар, спа-центар, ресторан и други работи од архитектурата.