НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седум месеци по смртта: Семејството на Фросина бара одговор што е со истрагата

0
By Менче Атанасова Точи on October 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Семејството на починатата Фросина Цекова од Крива Паланка, која пред седум месеци беше прегазена кај Универзална сала, и денеска го испрати својот адвокат во Скопје, во обид да добие одговор од обвинителот и кога ќе започне истрагата за смртта на нивната ќерка. Не знаат зошто обвинителството се уште нема започнато истрага, ниту зошто не е одредена мерка притвор за 27 годишниот Љ.В за кој во извештајот стои дека ја прегазил 20 годишната Фросина.

За семејството целиот тек на истрагата и собирањето на доказите е сомнителен. Таткото на Фросина, Љупчо вели дека обвинителството ги има собрано сите потребни документи и докази, но истрага се уште нема.

„Во обвинителстото ни рекоа дека државата нема корист од тоа, доколку одреди мерка притвор за човекот што ја прегази нашата ќерка, му бил одземен пасошот и тоа за нив било доволно“, вели за НОВА, Љупчо Цеков, таткото на младата студентка чиј живот згасна на 3 април.

Тој се уште с е прашува кој ја возел Хондата која на булеварот „Партизански одреди“ја прегази неговата 20 годишна ќерка. Семејството е убедено дека возачот кој сам се пријавил не е тој вистинскиот, туку друг е убиец на нивното дете.

„Ние не бевме повикани на распит кога давал изјава обвинетиот, но знаеме дека изјавил дека ќе се брани со молчење. Но, она што е сомнително, е што податоците од двата записници, тој од полиција и од обвинителство, не се совпаѓаат. Во едниот стои дека возачот сам се пријавил во полициска станица, а во другиот дека е фатен од страна на полицијата во населбата Кисела Вода„вели Цеков.

Семејството поднело Преставка до Основното јавно обвинителство бидејќи како што велат, судскиот вештак направил пропусти во истрагата.

„Нема снимка од семафорот, на пешачкиот на кој што е прегазена Фросина. Има снимка само од преходниот семафор каде што се гледа дека возилото застанува со брзина од околку 82-85 километри на час. Обвинителството треба да ја има увид и снимката од семафорот каде што се случил инцидентот, да се види дали поминувал на црвено или на зелено светло, со која брзина возел,“вели Цеков.

Незадоволни од текот на истрагата, од обвинителството кое ја одолговлекува истрагата се и пријателите, другарите и колегите на младата Фросина. Тие синоќа го блокираа булеварот

„Партизански одреди“ во делот кај Универзална сала , во знак на протест до надлежните што побргу да покренат обвинителен акт.

“Доживотен затвор за убиецот“, „Кое е твоето вистинско име?“ „Уште колку?“, со овие транспаренти во рацете, потсетија дека нејзиното семејство бара да се пронајде вистинскиот убиец.

„Ја блокиравме улицата за да ги потсетиме надлежните да покренат истрага. Знаеме кој е обвинетиот, но не ни е јасно зошто се избришани отпачатоците на воланот, тие не се совпаѓаат, како што стои во записникот“, изјави Исидора Јакимовска, другарката од детство на младата Фросина која го загуби животот враќајќи се од факултет, откако автомобил Хонда со огромна брзина удри во неа по што избега.

Студентите најавија дека веднаш по завршувањето на колквиумите ќе организираат поголеми и почести протести се додека не започне истрага за смртта на нивната прерано почната колешка и другарка, а вистинскиот убиец ќе биде казнет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.