НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влезот на бегалци редуциран и кај нас поради состојбата во Словенија и Унгарија

0
By Менче Атанасова Точи on October 21, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Се редуцира бројот на бегалци на влез од Грција во Македонија, како резултат на тоа што Словенија го ограничи број на бегалци кои можат да влезат во земјата и инцидентите кои се случуваа на границата со Хрватска.

Ваквата состојба во вторник навечер предизикала тензија кај бегалците која не ескалирала благодарение на добрата организираност на УНХЦР, Црвениот крст и невладиниот сектор и преведувачите кои им објасниле дека сите ќе поминат низ земјата, само треба да бидат стрпиливи бидејќи се пропуштаат во групи.

„Луѓето стоеја со часови во редица на просторот меѓу кампот и границата, беше доста тензично. За не дојде до инцидент сите ние заедно с е организиравме, ги поделивме во групи, имаше жени, деца, стари луѓе, за да не се задушат во гужвата, да не се двојат од семејствата, им објаснивме дека сите ќе поминат, само да бидат стрпливи“, објасни за НОВА, Јасмин Реџепи од Легис.

Од преставништвото на УНХЦР информираат дека вчера поминале околу 4400 бегалци низ државата, а утрово нивниот број е значително зголемен. На 18 октомври е забележан најголем наплив на бегалци, дури 10 000, кои потоа преку Србија се упатиле кон Хрватска, поради што дошло до инциденти на хрватско –словенечката граница.

Од УНХЦР, ваквиот наплив го објаснуваат со повремените празнења од бегалци на грчките острови, особено од Лезбос, каде што тие пристигнуваат неконтролирано во огромен број, со бродови и чамци.

„На грчките острови бројот на тие што пристигнуваат е поголем од бројот на тие што си заминуваат. Затоа повремено с е прави празнење на островите, поради недостиг на храна и средства за живот , така што во Македонија тоа се чувствува како поголем бран. Но, благодарение на нашите соработници, ние сме информирани на време, подготвени сме со храна и друга хуманитарна помош, со преведувачи на нивниот јазик, така што го олеснуваме контактот и се смирува тензијата“, информираат за НОВА од преставништвото на УНХЦР во Македонија.

Од таму посочуваат дека протокот на бегалци се одвива непречено и покрај повремените напливи во некои денови. Во просек низ државата поминуваат по 5000 бегалци, велат од УНХЦР, иако капацитетот на МВР не е доволен за да ги регистрира сите, така што голем дел од нив поминуваат без да бидат регистрирани.

„Ние изнајмивме луѓе кои ги внесуваат податоците за да им помогнеме но, тоа сепак не е доволно и може да се регистрираат дневно само околу 3000 бегалци. Поради ова бројот на регистрираните и реалната бројка на бегалци не се поклопуваат“, велат во УНХЦР.

Превозот засега се одвива со возови, каде бегалците си плаќаат карти чија цена беше зголемена од 10 на 25 евра од страна на Македонски железници. По потреба, во ситуации кога има поголем бран се дозволува или се организира да патуваат со автобуси или такси.

Инаку, во Словенија денеска беше усвоена легислатива со која на војската им се дозволува да ги обезбедуваат границите на земјата поради приливот на илјадници бегалци, кои се обидуваат да преминат во Словенија од Хрватска, особено по одлуката на Унгарија да ги затвори своите граници.

Армијата има овластувања да донесува одлуки кога на теренот нема полиција, а на граничните премини се наоѓа уште од почетокот на неделата, но за цело време е во присуство на полицијата. Во саботата имало наплив од бегалци чиј број изнесувал 20 000, пренесуваат словенечките медиуми.

Словенија која се обиде да го запре големиот бран на бегалци и мигранти откако Унгарија во петокот ја запечати границата со Хрватска предизвикаа ефект на целиот Балкан, па и во Македонија, така што илјадници бегалци беа задржани на граничните премини или се пропуштаат во помали групи.

Во последниот извештај од централата на УНХЦР во Будимпешта се вели дека 94 проценти од луѓето бегаат од насилство од 10 земји кои се опфатени со војни и терор. Останатите шест проценти се мигранти кои бегаат поради сиромаштија или економски и социјални причини.

„Бегалците се во потрага по милост и заштита, во согласност со меѓународното право”, вели Винсент Кошетел , директор на УНХЦР од Бирото за Европа.

Агенцијата за бегалци на ОН, исто така, потсети дека институцијата азил е изградена на основниот принцип на почитување на човечкиот живот, без разлика на расата, религијата и националноста и на индивидуалните права.

Акцентот се става на состојбата во Чешка , каде УНХЦР предупредува на предизвикување на ксенофобија, исламофобијата и нетрпеливост, нешто што е спротивно на обврските на Република Чешка, според меѓународните принципи на човекови права, кои се во основата на темелите на Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.