Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија го демантира Нетањаху и повторува дека таа е одговорна за Холокаустот

0
By Светлана Јовановска on October 21, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 21, 2015 19:22

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху денес тврдеше дека не го бранел Хитлер од одговорноста за Холокаустот кога премиерот изајвил дека идејата за екстерминација на Евреите не е идеја на Хитлер туку на муфтијата на Ерусалим.

Израелската опозиција и палестинскиот претседател го обвинија Нетањаху дека ја манипулира историјата. Сето тоа се случи ден пред посетата на Нетањафу на Германија и предизвика бран реакции.

Но, да почнеме од почеток.

Во вторникот во Ерусалим Нетањаху тој зборувал за една средба која се одржала во ноември 1941 година во Германија помеѓу Адолф Хитлер и големиот муфтија на Ерусалим Хај Амин ал-Хусеини, висок муслимански лидер во Палестина која во тоа време е британска колонија.

«Хитлер, во тој момент, немал намера да ги екстерминира Евреите туку да ги избрка од Германија. Тогаш кај него дошол Хај Амин ал-Хусеини и му рекол «ако ги избркате, тогаш сите ќе дојдат тука во Палестина». На ова Хитлер прашал што треба да им прави на Евреите а муфтијата му одговорил дека треба да ги запали», изјавил Нетањаху.

Нетањаху тврди дека го цитирал настанот за да ги отрфли обвинувањата, историски лажни, според кои Евреите и Израел сакале да ја урнат џамијата Ал-Акса во Ерусалим. Ова е централно прашање во актуелното континуирано насилство помеѓу Палестина и Израел.

Откако опозицијата и Палестина бурно реагираа на оваа изјава, Нетањаху се обиде да објасни што сакал да каже:

«Мојата цел не беше да го правдам Хитлер од одговорност туку да покажам дека во тоа време таткото на палестинската нација водел кампања со намера за систематска екстерминација на Евреите. За жал, муфтијата е се уште фигура која се наоѓа во учебници и која ја има почитта на Палестинците. Насилството и убиствата на Евреите кои почнале во негово време се уште продолжуваат. Тоа е коренот на проблемот», рече денес Нетањаху.

Лидерот на опозицијата во Израел ги квалификуваше зборовите на Нетањаху како «опасна деформација на историјата која го минимизира Холокаустот, нацистите и одговорноста на Хитлер во страшната трагедија која му беше нанесена на нашиот народ за време на Холокаустот».


Адолф Хитлер и муфтијата на Ерусалим Хај Амин ал-Хусеини во Берлин на 30 ноември 1941 година

Дина Порат, историчар и директорка на меморијалот Јад Вашем за сеќавање на Холокаустот изјави дека зборовите на Нетањаху се «историски неточни»: «Не е точно дека муфтијата му ја дал идејата на Хитлер иако е познато дека муфтијата имал анти еврејски став». Таа прецизира дека средбата на муфтијата со Хитлер се одржала во 1941 година додека екстерминацијата на Евреите е за прв пат спомената во еден говор на Хитлер во Рајстагот во јануари 1939 година.

Реакција дојде и од портпаролот на канцеларката Ангела Меркел:

«Сите Германци добро го знаат расистичкото убиствено лудило на нацистите што доведе до прекин на цивилизацијата каков што беше Холокаустот. Ова се изучува во германските училишта поради една многу добра причина – тоа никогаш не смее да се повтори и не смее да биде заборавено. Не гледам ниту една причина за промена на нашата визија на историјата на било кој начин», изјави Стефен Сајберт.

На крајот тој додаде: «Добро познато дека одговорноста за ова злосторство против човештвото е германска и дека таа одговорност е навистина наша».

Муфтијата бил бегалец во Германија во 1941 година. Тој побарал од Хитлер поддршка за независноста на Палестија и арапските земји за да се спречи креирање на израелска држава.

Државата Израел беше официјално креирана во 1948 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.