НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кадиев: Анестезиологот пијан избега од операционата сала по смртта на сопругата

0
By Менче Атанасова Точи on October 23, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Анестезиологот кој во операциона сала влезе пијан е причина за смртта на мојата сопруга. Вака ја започна својата приказна Мите Кадиев , кој во Институтот за судска медицина дојде да си ги земе телата на својата сопруга, 32 годишната Маја и на бебето кои починаа ноќеска, во текот на породувањето во гевгелиската болница.

Додека трае обдукцијата на двете тела, тој за НОВА со растреперен глас, низ плач раскажува за драмата која се случувала за време на породувањето на неговата сопруга, во два часот по полноќ кога се одвивала операцијата.

Тој вели дека неговата сопруга немала никакви компликации претходно, се до еден момент кога излегле лекарите и му рекле дека ќе ја прекинат операцијата. За смртта на својата сопруга го обвинува анестезиологот кој на операција дошол пијан. Анестезиологот во еден момент, за време на операцијата избегал од болницата, но полицијата го пронашла.

„Се беше добро кога во еден момент ми рекоа дека ќе ја прекинат операцијата. Прво излегоа и ми кажаа дека бебето починало, а дека сопругата е во критична состојба. На крајот излегоа и ми соопштија дека и сопругата починала. Рекоа дека не можел да стави тубус анестезиологот, па потоа дека не се отвориле белите дробови кога го извадиле тубусот. Што се случувало, што направил, дали дал повеќе анестезија или нешто е друго во прашање ќе покаже обдукцијата, а јас верувам во резултатот од оваа институција“, изјави за НОВА Мите Кадиев сопруг на починатата родилка.

Во гевгелиската болница уште ноќта дошла полиција, а некои медиуми известија дека земени се анализи од крвта на вработените.

„Директорот кој за цело време беше внатре во операционата сала излезе и не ми рече ништо. Во целиот очај и болка го прашав дали знае каква багра му работи во болницата, дека работите треба да се средат од горе, бидејќи рибата смрди од главата. Знам дека ова не е единствен случај на смрт на родилка, но мора да биде последниот“, вели Кадиев.

Младата жена требала на свет да донесе девојче. Нивната петгодишна ќерка сама го смислила името, да се вика Ана. Мите е очаен како на својата ќерка ќе и ја соопшти тажната вест.

„Ја однесовме во Свети Николе, кај родителите на мојата сопруга. Кога стана од спиење само ме гушна и пет минути стоеше така без да ме праша ништо, како да претчувствува и знае што се случува. Не знам како да и соопштам дека мама веќе ја нема“, низ плач раскажува овој млад човек.

Погребот на починатата родилка ќе биде утре, а резултатите од обдукацијата се очекуваат за неколку дена. Директорот на гевгелиската болница Сретко Јованов не сакаше да даде изјава бидејќи во моментот, како што рече, имало Комисија од Министерството за здравство.

„Ве молам сега има Комисија од Министерство, тие ќе имаат официјална изјава за случајот“кратко одговори Јованов.

Министерството за здравство најави комисија која ќе треба да испита дали се било направено според протокол.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.