НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анестезиолозите суспендирани, во гевгелиската болница забранети се операции

0
By Менче Атанасова Точи on October 24, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајцата анестезиолози од гевгелиската болница се суспендирани од работа додека не заврши истрагата за родилката и нејзиното бебе кои починаа во текот на операцијата со царски рез.

Издадена е наредба да се стопираат сите операции во гевгелиската болница, а итните случаи да се препраќаат во болницата во Струмица. Ова за НОВА, го потврди директорот на болницата, Сретко Јованов.

Некои медиуми објавија неофицијални информации дека двајцата анестезиолози биле пијани во текот на операцијата, но официјална потврда од обвинителството се уште нема.

„Одлучивме да ги суспендираме и двајцата додека не заврши истрагата. За тоа дали е пронајден алкохол во крвта се уште немам официјална информација. Јас бев присутен во текот на операцијата кога беше присутен само едниот анестезиолог и не ми остави впечаток дека е во алкохолизирана состојба“, изјави за НОВА, директорот Јованов.

Тој вели дека ситуацијата почнала да се комплицира уште на почеток, а анестезиологот се обидувал да ја реанимира.

Но, тој не објасни зошто овој лекар одеднаш избегал од операционата сала. Сопругот на 32 годишната Маја, Мите Кадиев вчера изјави дека анестезиологот бил пијан за време на царскиот рез.

„Слушнав дека гинекологот зборува на телефон со директорот на болницата и му рече „Дојдете да видите во каква состојба ви е персоналот. Пред да се јави ми кажа дека не може да ја направи операцијата додека анестезиологот е во таква состојба. Два пати пробувал да и стави тубус и не можел да го стави. Општо е познато, а и полицајците кажаа дека тој анестезиолог, а и другиот, кој не знам дали беше таму, постојано се пијани. Затоа и доцнеше операцијата еден час“, рече Кадиев.

Младата родилка, 32 годишната Маја и нејзината неродена ќерка беа погребани на гробиштата во Дојран. Нејзиниот сопруг Мите Кадиев обвини дека анестиолозите биле пијани за време на породувањето и дека правдата ќе ја бара до крај.

Тој за НОВА изјави дека верува во резултатите од обдукцијата кои се очекува да бидат готови за неколку дена. Се чекаат и резултатите од анализата на крвта на анестезиолозите и дежурните гинеколози од кои треба да се утврди дали имало алкохол и други недозволени супстанции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.