НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Не се залагаме за Голема Албанија

0
By Нова ТВ on March 20, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од вечерашниот митинг на плоштадот Скендербег во Скопје порача дека граѓаните не треба да се плашат од Голема Албанија и дека тие не се залагале за таква држава, туку за за тоа сите Албанци да бидат дел од ЕУ и НАТО.

– Од овој плоштад им испраќам порака на сите граѓани на Република Македонија да не се плашат бидејќи ние не се залагаме за голема Албанија, туку се бориме за слободен живот на местото кое ни е оставено од нашите претци. Никој да не се плаши од албанското знаме зашто само со почитување на нашите права ние ќе бидеме лојални на државата. Никој да не се лаши ниту од Хасан Приштина зашто тој се борел за сите граѓани кои живелее на овие простори. Ние не сакаме голема Албанија, туку сакаме сите Албанци да бидат дел од ЕУ и НАТО каде ќе бидеме еднакви и ќе живееме во мир, рече Ахмети.

Покрај пораките на лидерот, на митингот зборуваат и кандидатот за градоначалникт на ДУИ за Чаир, Изет Меџити, како и кандидатот за градоначалник за Скопје, Артан Груби. Едниот се пофали со сменетите имиња на училиштата во Чаир, а од говорите не изостана ниту Кичево и прогнозите за тамошна победа.

– Ние работиме Албанците во Скопје да се чувствуваат како Албанците во Тирана и Приштина. Затоа можам со чист образ да се појавам пред вас. Апелирам да ставиме стоп на националистичките пораки за Кичево. Ние Кичево не го даваме па затоа ги повикувам и Турците и Бошњаците да ни се придружат затоа што ние ќе се грижиме за вас исто како што се грижиме и за Албанците, рече Меџити.

Кандидатот за градоначалник на Скопје Артан Груби ги повика граѓаните на локалните избори да гласаат за ДУИ и да го вратат, подвлече, Скопје на Албанците.

– На 24 март ве повикувам да го вратиме Скопје на Албанците, а Кичево повторно да се вика Ускана како што е неговото старо албанско име, рече меѓу другото Груби

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.