Во сабота покрај редовните три авиони од Швајцарија во Охрид ќе слетаат уште шест авиони со чартер линии, објави Телма.
На 24. Март, на денот на изборите од Цирих во Скопје слетуваат два редовни авиони, а во Охрид шест чартери.
За политичките партии многу се важни гласовите од дијаспората, бројот на авионите со кои нашинците кои живеат или работат во странство ќе долетаат пред или на денот на изборите е многу голем.
Инаку, денеска и утре од Цирих и Базел во Скопје слетува по еден авион од редовната линија.