НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на гевгелиската болница:Не ја исклучувам можноста да си дадам оставка

0
By Менче Атанасова Точи on October 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гинеколозите не се виновни во случајот со родилката и нејзиното бебе кои починаа во гевгелиската болница. Грешката е направена од страна на анестезиолозите, неофицијално дознава НОВА, од истрагата и вештачењето. На Институтот за судска медицина велат дека целото внимание е насочено на овој случај и дека од неделата изутрина, вработените не се излезени од лабораторија, работат под полна пареа се додека не ги завршат анализите за случајот. Не сакаа да прецизираат кога ќе биде затворен случајот од нивна страна.

Од друга страна директорот на гевгелиската болница Сретко Јованов вели дека нема да им даде отказ на анестезиолозите, за кои обвинителството потврди дека биле пијани за време на операцијата. Јованов за НОВА изјави дека нема да им биде прекинат работниот однос додека не биде завршена правната процедура. Тој се уште тврди дека не забележал дека анестезиолозите биле под дејство на алкохол додека траела операцијата.

„ Од 22 часот па се до 23 и 30, јас не забележав такво нешто. Заедно со едниот анестезиолог ја интубиравме родилката“ вели директорот Јованов.

На прашање на НОВА дали досега забележал дека овие двајца лекари доаѓаат под дејство на алкохол на работа, тој одговори дека ниту забележал, ниту има поплаки од пациенти и вработени за такво нешто.

„Не, на работа не сум го видел да доаѓа пијан ниту едниот, ниту другиот анестезиолог кај кого исто така е пронајден алкохол во крвта“, рече Јованов за НОВА.

Според обвинителството кај лекарите е утврдено присуство на алкохол во крвта и тоа во големи количини. Анализата на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажала 1,23 промили кај едниот и 1,75 промили алкохол кај другиот анестезиолог.

За разлика од директорот , сопругот на почината родилка Мите Кадиев, обвини дека анестезиологот на операција дошол пијан.

„Слушнав дека гинекологот зборува на телефон со директорот на болницата и му рече „Дојдете да видите во каква состојба ви е персоналот“. Пред да се јави ми кажа дека не може да ја направи операцијата додека анестезиологот е во таква состојба. Два пати пробувал да и стави тубус и не можел да го стави. Општо е познато, а и полицајците кажаа дека тој анестезиолог, а и другиот, кој не знам дали беше таму, постојано се пијани. Затоа и доцнеше операцијата еден час, рече Кадиев.

Вработени во болницата, но и граѓани на Гевгелија, Дојран, Богданци и околните села кои се лекуваат во гевгелиската болница, за НОВА тврдат дека двајца анестезиолози кои го опслужуваат целиот овој регион, често се во алкохолизирана состојба.

На прашањето дали чувствува одговорност и дали ќе си даде отказ од функцијата, Јованов одговори дека ова е поединечен случај кој ќе биде санкциониран. Но, подоцна сепак, додаде дека не ја исклучува можноста да си замине поради морална одговорност.

„Ова е поединечна грешка и ќе бидат превземени сите мерки виновниците да бидат казнети. Јас лично чувствувам морална одговорност и не е исклучена можноста да си поднесам оставка од функцијата директор на болницата“изјави за НОВА Јованов.

Тоа што во болницата нема гинеколози, односно се ангажираат хонорарно од Струмица, нема педијатри, нема медицинска сестра на детското одделение, како и друг кадар, Јованов го објаснува со решението на Министерството за здравство за хонорарно ангажирање на лекари.

„Па еве, позајмуваме доктори од другите болници или тие што работат приватно. Тие си имаат распоред и доаѓаат на повик. Никогаш не сме чекале повеќе од 10 минути да дојде лекар. Тоа е решение на Министерството за здравство“, изјави директорот на гевгелиската болница.

Од Министерството за здравство каде што официјално испративме прашања, се уште не се изјасниле за случајот кој ја потресе македонската јавност. Сопругот на починатата родилка Мите Кадиев најави дека правдата ќе ја бара до крај и дека мора да одговараат сите оние кои носат одговорност за смртта на неговата сопруга и неродената ќерка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.