НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И мртвите се вџашени од ефикасноста на администрацијата и реформите

0
By Борјан Јовановски on October 29, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дента кога Дуинг бизнис објави дека Македонија е шампион на кој и по завидува и Швајцарија, во еден дневен весник се појави оглас кој ја потврдува неверојатната ефикасност на македонските институции кога е во прашање бизнис.

Извесен инспектор Ѕвездан во Општината Прилеп во септември годинава констатирал диво изграден објект. Со оглед на тоа дека ова е правна држава и дека најреформираната администрација на светот и пошироко, која се разбира не дозволува ништо да се случува вон словото и духот на законот, Ѕвездан постапил согласно принципите на вака поставената администрација.

Донел решение за уривање на диво изградениот објект од 17 метри квадратни согласно Законот за управна постапка за да го заштити интересот на државата.

Решението како што предвидува законот, се обидел да го достави до „инвеститорот“ извесен Благоја Велковски кој како што констатира и самиот инспектор Ѕвездан е лице кое починало, не се знае кога. Починатиот Велковски (од само на Ѕвездан познати причини ) одбил да го прими решението на наведената адреса по што Ѕвездан веднаш, како што предвидува законот истото решение го објавува во повеќе дневни весници, по што решението се третира како доставено па сега Ѕвездан без никакви проблеми сега може да премине кон извршување на решението. Треба само да почека уште 8 дена колку што на починатиот Велковски му се оставени на располагање да поднесе жалба на истото.

Инспектор Ѕвездан не заборавил да го потсети Велковски дека доколку реши да се жали на ова решение ќе треба да најде начин да воспостави платен промет меѓу овој и „оној“ свет и на жиро сметката на државата РМ да уплати 250 денари таска за жалбата.

Редакцијата на НОВА се обиде со призивање на духови да воспостави контакт со инвеститорот Велковски за да го праша за негова реакција. По неколкуте сеанси духот на Велкосвки се јави и ни соопшти дека го прочитал огласот и дека е во прашање сериозна работа штом истиот е објавен во дневните весници Дневник и Вечер кои на своите страници приопштуваат содржини кои во светот на мртвите имаат голема релевантност па побара време да размисли како ќе постапи.

На крајот од нашата комуникација Велковски изрази вџашеност од ефикасноста на администрацијата која во времето кога тој бил на овој свет во „деведесетите БЦ“ била комуњарска и неефикасна. Велковски исто така побара да пренесеме дека по објавата на ова решение сфатил зошто некои негови пријатели во светот на мртвите се уште гласаат на изборите во Македонија. Очекуваме Велковски наскоро пак да нис е јави и да не извести што ќе превземе во врска со решението на инспектор Ѕвездан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.