НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болниците оркестрирано во одбрана на реформите на Тодоров

0
By Менче Атанасова Точи on October 29, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако јавноста беше шокирана со смртта на родилката и нејзиното бебе кои биле под опсервација на пијани анестезиолози, смрт на уште дена трудница и девојче, а опозицијата побара оставка од министерот Тодоров, во медиумите започнаа оркестрирано да пристигнуваат писма од болници и поединци во кои се фалат реформите.

И покрај тоа што тонат во долгови за лекови, медицински материјал, за режиски трошоци, парно, струја вода поради малите буџети, менаџерите на болниците потенцираат колку е подигнат квалитетот на услугите во нивните болници и што се направил Тодоров од неговото назначување за министер.

Прво се појави писмо од Виктор Камиловски, хирургот од Градската хируршка болница, близок до владеачката партија, каде што тој вели дека нападите врз министерот се паушлани и навреда за бројниот медицински персонал.

„Во овие моменти треба сите здравствени работници да бидеме сплотени и да дадеме максимална поддршка на првиот, еднаков меѓу нас – Министерот за здравство, Никола Тодоров, како и целокупниот негов тим“, им сугерира на своите колеги Камиловски.

Веднаш по него се појави писмо од Градската општа болница „8 Септември“ каде менаџментот и се обраќа на јавноста и при тоа објаснува каква опрема е набавена за болницата, како и дека се прaќаат доктори на едукација во странство.

„Веруваме дека во здравствените установи постојат изолирани случаи на неодговорни доктори, меѓутоа не треба според нив да се цени квалитетот на здравството во целина. Не треба да се заборави напредокот постигнат во здравството во изминатиот период, се вели во писмото на Менаџментот на болницата.

Речиси во исто време до сите медиуми во државата стигнаа писма од менаџменотот на болницата во Велес и доктор Светлана Темелковска, специјалист радиолог , носител на проектот за скрининг на рано откривање на рак на дојка. Во дел од своето образлагање за реформите на министерот Тодоров менаџменотот на велешката болница вели:

„Од именувањето на министерот за здравство Никола Тодоров, па до ден денес во ЈЗУ Општа Болница Велес има значајни промени генерално во функционирањето и работењето на болницата, а се со цел укажување на квалитетна и навремена зравствена заштита на пациентите и подобрување на условите за работа на вработените“, стои во писмото од болницата во Велес.

Во емотивното писмо од радиологот Светлана Темелковска, докторка со долгогодишно искуство во својата област, се вели дека жали за случајот со родилката во Гевгелија и дека мора да се најде конструктивен начин и решение како вакво нешто никогаш веќе да не се случи. Во понатамошниот текст набројува што се е направено и кои апарати се купени за рано откривање на рак на дојка.

„Овој бел мантил и ова министерство и тимот во „Мој термин„ направи огромен чекор напред за рано откривање на рак на дојка како најчесто малигно заболување кај жената“, вели во своето писмо, Темелковска.

Истите тези денеска ги бранеше и премиерот Груевски на седницата за пратенички прашања, каде опозициската пратеничка Рената Дескоска го праша дали ќе понесе морална одговорност, по смртта на двете родилки изминава недела и дали ќе го разреши министерот за здравство Никола Тодоров.

Груевски одговори е дека најлесно е да впери прстот кон министерот, но според него, политичарите не утврдуваат кој е виновен, туку институцииите ќе покажат дали несреќните случаи се резултат на лекарски грешки или не.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.