Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Придружете ни се или умрете

0
By Биљана Секуловска on October 31, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 31, 2015 11:58

Скоро во исто време, со некој ден разлика, претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски упатија историски пораки до светот. Ако си дозволиме воопшто, да ја наречеме Македонија- дел од светот и ако се осудиме, на историјата да и веруваме. Зрнце сомнеж е посеано одамна, конечно видете го Бернард Шо, како се подбива со неа: Историјата, господине, ќе лаже како и обично.

Постои дилема токму и за изјавата на Бенџамин Френклин, дали е тој нејзиниот автор, онаа иста изјава која ја цитираше и претседателот Иванов во Брисел, говорејќи за бегалската
криза: “Ако не се држиме заедно, ќе висиме одделно”.

Потпишувајќи ја Декларацијата за независност, Френклин ги опоменува потписниците, на која страна на историјата сакаат да се придвижат. Во Конгресната библиотека можете да ја видите илустрацијата на искасапена змија, со легенда- “Придружете се или умрете”. Со оваа слика, се потсетуваат и охрабруваат американските колонии да се придружат на Планот на Албани за обединување на 13 колонии, што тие подоцна тоа го прават, за да биде создадена една држава, на која и се приклучуваат и други колонии.

Но, овој апел на Френклин, во услови на серијал војни на колониите, во сегашната ситуација со ужасната бегалска криза, најблаго кажано, не би да се смеела да се цитира. Во случајот со бегалците, опасноста е надвисната на нив, тие зависат секојдневно од добрите или лоши планови и еднакво таква волја на европските земји, од ѕидините и оградите кои ги разрушија сите надежи на оние деца кои ги исфрлаат морињата, изѕемнати, боси, виси нивната судбина, закачена на неодржлив светски поредок.

Никогаш нема место во овој свет за обесправените, истераните и гладните, можеби во оној свет ги израмнуваат сметките со арогантните костумосани генерали, чија професија е одржување воена состојба до бесконечност.

Затоа, претседателе Иванов, ако некој виси на напукната ортома од која останало само едно конче, тоа се само тие- бегалците, а срамот и неволјата да бида поголеми, во оваа земја тоа им е гарантирано. Погледнете ја само изјавата на директорот на “Железници”, кој надмено вели дека не биле хуманитарна организација и затоа им наплаќале три пати поголема сума за билет за воз во еден правец. За никогаш повеќе да не се вратат тука, претседателе.

Само три дена претходно, премиерот Груевски во својот говор на Денот на ВМРО, говорејќи за критиките дека нема слобода, изјави: “Има бааги слобода”. Секако дека ова претставува опасна теза, секако дека слобода нема доволно, никаде, никогаш, како што нема ни доволно правда во земја која не е за сите татковина.

Најмалку можат политичари да ја мерат и премеруваат слободата, кого надвиснала а кој свиснал од тежината нејзина, да ја проценуваат вака од око, а со другото око го нивелираат кантарот, за да ги усогласат теговите и тегобите од критичарите од кои им натежнале плеќите.

Па се качуваат на кантарот, носејќи го бремето на неранимајковците критичари, кои ги заглушиле со жалопојките за неслобода и неправда, а на другиот кантар е народот на кој се повикува Груевски. Како вели во говорот- “Ние, заедно со народот”.

Се поткачува така Груевски врз кантарот, го придружува народот, и мерењето започнува. Дали таа бааги слобода на критичарите значи дека е поголема од Груевски со натоварениот народ на кантарот? Не знам и не е ни важно.

Затоа што, Груевски секогаш ќе мисли дека има доволно народ зад себе, за да може да се одбрани од оние кои бараат слобода. Тој верува дека подобро е да се држи заедно со тој народ на кој се потпира, тој навистина верува во, којзнае дали е мисла на Френклин, држењето заедно или висењето одделно. Затоа што Груевски верува дека народот на избори му го дава сето право и слобода на овој свет да биде господар на мерката на слобода. Фина, ноќна бајковита поезија, во која зататнува како за крај максимата на претседателот Иванов, онаа сосема на почетокот на овој текст, така застрашувачка, што подобро и да биде заборавена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.