Проблемите со кои се соочуваат во досегашното спроведување на локалните избори и нерегуларностите од страна на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, беа главна тема на денешната средба на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бранко Црвенковски со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Герт Аренс.
Како што информираше Рената Десковска од СДСМ, нивното главно барање е да имаат набљудувачка мисија, и тоа во полн капацитет, и во вториот круг. Посебен акцент ставаат на критичните места, за кои што очекуваат да има зголемени нерегуларности.
Црвенковски го инфрмирал Аренс за нерегуларностите и ги презентирал податоците и доказите со кои располага СДСМ, околу фиктивните гласачи кои се јавуваат на Избирачкиот список.
Рената Дескоска истакна дека на Единствениот избирачки список од 2013 има имиња на лица кои што не се појавуваат во избирачкиот список во 2011 година, а не се лица кои што стекнале право на глас по основ на полнолетство.
„Значи, станува збор за лица, кои што, накнадно добивале или државјанства или престојувалишта, и биле запишувани во избирачкиот список“, рече Дескоска.