Обвинителството во Велес кое денеска го доби извештајот од обдукцијата за смртта на родилката од Гевгелија нема да преземе никакви мерки се додека не ги собере сите докази, а судско медицинското вештачење добро да ги проанализира, изјавија за НОВА од Обвинителството.
Нема да има ниту мерка притвор иако анализите од крвта покажаа дека двајцата анестезиолози биле пијани з а време на царскиот рез на 32 годишната родилка.
„Треба добро да се проучи судко медицинскиот извештај, да се направи направи целокупна анализа со прибирање и на другите докази и дури тогаш да се лоцира конкретно кај кого е одговорноста“, изјавија за НОВА од Обвинителството.
Лекарската комора нема времено да им ги одземе лиценците за работа на двајцата анестезиолози, како што тоа го побара Министерството за здравство, со образложение дека не можат да одлучуваат за такво нешто додека не го добијат извештајот од Комисијата од Министерството, судко медицинските вештачења, како и изјавите на инволвираните во случајот со смртта на родилката од Гевгелија и нејзиното бебе.
„Членовите на Комисијата за етичко правни прашања заклучија на денешнава седница дека постапуваат согласно своите овластувања, но за конкретниот случај им е неопходна целосна документација. Во Лекарска комора досега е доставено Известување од Министерството за здравство со кое се бара Лекарска комора на Македонија да утврди дали, согласно Законот за здравствена заштита, има основ за привремено или трајно одземање на лиценцата за работа на двајцата анестезиолози заради утврдено присуство на алкохол во крвта при вршење на интервенција при кој почина родилка и нејзиното бебе и Известување за резултатите од анализа на алкохол во примероците крв“, се вели во соопштението на Лекарската комора.
Од комората велат дека согласно законските одредби Лекарска комора на Македонија може привремено или трајно да одземе лиценца за работа врз основа на судско правосилно решение за забрана на вршење на дејност или професија, во случаите кога има повреда на Кодексот на медицинската етика утврдено од страна на судот на честа при Лекарска комора на Македонија, правосилна судска одлука за сторено кривично дело поврзано со вршење на здравствена дејност и правосилна судска одлука за сторен стручен пропуст или грешка при работа со што предизвикал трајно нарушување на здравјето и смрт на болниот.