Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Завршува кампањата, од полноќ предизборен молк

0
By Нова ТВ on March 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 22, 2013 08:54

Вечер на полноќ завршува изборната кампања за локалните избори, што ќе се одржат в недела на 24 март. Утре и на денот на гласањето е изборен молк.

Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите, во изминатите 20 дена пред електоратот ги претставуваа своите програми и кандидати и ја побараа довербата од граѓаните.

Вечерва се одржуваат и последните митинзи на партиите. Митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ е денеска во Велес. Коалицијата „Сојузот за иднината“ предводена од СДСМ ќе имамитинзи во општина Кисела Вода и Куманово. ДУИ во Тетово, а ДПА ќе одржи митинг во Гостивар.

Гласањето в недела на 24 март почнува во седум и ќе трае до 19 часот. Локалните избори ќе се одржат во 80 општини и Градот Скопје. Поднесени се 350 листи за градоначалници и 480 листи за советници. На советничките листи се кандидирале вкупно 8.528 лица.

На 2.976 гласачки места својот глас, според избирачкиот список треба да го дадат 1.743.403 граѓани.

За градоначалник и за Советот на главниот град Скопје своето право на глас можат да го искористат 443.770 граѓани запишани во Единствениот избирачки список на 536 избирачки места.

Општина со само три избирачки места е Вевчани каде треба да гласаат 2.055 граѓани, додека Куманово има најмногу запишани гласачи во избирачкиот список 88.708 кои треба да гласаат на 128 места. Најголем број избирачки места има општина Битола – 152, а таму треба да гласаат 81.000 граѓани.

Еден ден пред изборите, утре, своето право на глас во казнено-поправните домови ќе го остварат 1.446 избирачи, а надвор од местото на живеење 136 избирачи со статус на внатрешно раселени лица, лицата што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Државната изборна комисија вчера ги предаваше избирачките ливчиња на општинските изборни комисии, кои пак, се должни еден ден пред изборите да го предадат изборниот материјал на избирачките одбори, односно најдоцна до полноќ на 23 март.

Локалните избори, според ДИК, ќе ги набљудуваат 410 странски и 8.379 домашни набљудувачи.

Ова се шести локални избори во Македонија. Првите се одржаа во 1990 година, следните во 1996, во 2000, во 2005, а последните во 2009 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.