На Клиниката за хируршки болест во моментот во тек е увид по инцидентот што се случи утрово околу девет часот, во кој е ранет еден лекар.
Двата влеза на Клиниката се целосно блокирани и под силно полициско обезбедување.
Дозволен е излез само на пациентите кои се затекнале на Клиниката, додека нови не се пропуштаат, а прекинати се сите прегледи и операции.
Според информациите, пациент, кој бил во придружба на уште двајца, пукал во хирургот и во медициската сестра, наводно незадоволен од лекувањето кон мајка му, која починала. Тројцаа се уапсени, а неофицијално, по уште едно лице се трага.
Повредениот лекар е опериран и е надвор од животна опасност. На Клиниката претпладнево бил и министерот за здравство Никола Тодоров, кој пред малку си заминал. Лекарите од Клинички центра за напладне најавија протест во болничкиот круг, за, наводно, да изразат револтот од денешниот инцидент.
Од МВР, иако најавија, се уште нема официјални информации за инцидентот.