НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарите бараат одговорност од Тодоров

0
By Менче Атанасова Точи on November 9, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Лекарите бараат одговорност од министерот за здравство Никола Тодоров и од првиот човек на Лекарската комора, Кочо Чакаларовски бидејќи не направиле ништо за да ја заштитат лекарската фела.

По инцидентот што се случи утринава, кога пациент пукаше во хирург и го рани во ногата, лекарите бараат од Лекарската комора да си ја преиспита својата работа и да изготви закон со кој ќе ја ги заштити лекарите. Револтирани се поради настанатата ситуација и сметаат дека Тодоров со својата политика ја загрозил нивната безбедност. Тие бараат професионални луѓе да ги водат Министерството за здравство, Фондот и Лекарската комората каде што претседателот е пензионер.

На клиниките пак, нема речиси никакво обезбедување, а нападите врз докторите во последните две години зачестија. По инцидентот лекарите се собраа во амфитеатарот на Хируршките клиники за да заземат став околу нападот на нивниот колега.

„Бараме морална одговорност од министерот за здравство, Законот за здравствена заштита да се врати како што беше пред 2011 година, од кога со измените лекарите се доведени во ваква состојба, а Лекарската комора да предложи закон за лекари што Владата ќе го прифати без забелешки“, изјавија лекарите по денешната средба.

Но, малкумина од нив одважија да зборуваат пред камерите. Дури на новинарите им беше забрането да влезат на состанокот на Хируршките клиники.

„Кој пука во лекар пука врз самиот себе. Денеска на нашиот колега му е беше загрозен животот, треба сите да реагираат “, рече Викторија Вујовиќ од Клиниката за психијатрија.

“Крајно време е да се преземе нешто за безбедноста на лекарите, бидејќи после ова сите лекари ќе одат со чувство на несигурност и страв на работа. Ова што се случи сега е крајно сериозно“, изјави Викторија Чаловска од Клиниката за гастроентерохепатологија.

Љубомир Огненовиќ, лекарот од Абдоменална хирургија, врз кој беше пукано утринава, е во стабилна состојба, откако врз него беше извршен оперативен зафат. Тој се здобил со три огнострелни повреди во ногата.

Хируршките клиники ги отворија вратите за пациентите, но операции денеска нема да се вршат.

Вистинска заложничка драма се случувала утринава на Клиниката за абдоменална хирургија. Хирургот Огненовиќ кој оперирала пациентка, која според лекарите била во терминална фаза од карцином, излегол од операционата сала за да му соопшти на синот дека мајка му починала. Според кажувања на очевидци, синот во тој момент извадил пиштол и почнал да пука на сите страни.

Пациентите и вработените легнале на подот, а напаѓачот пукал во лекарот и медицинската сестра која успеала да го избегне куршумот. Хирургот се здобил со три влезно-излезни повреди од куршумите. Во еден момент на напаѓачот му се заглавил пиштолот и тој заедно со уште двајца кои биле во негова придружба почнале да кршат се пред себе.

Веднаш била повикана полиција, по што тројцата напаѓачи се уапсени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.