Published: Wednesday, November 11, 2015 20:28
Случајот со пиштолот на Mијалков заврши со парична казна за ТАВ одговорни лица од врвот на компанијата, како и неколкумина пониско вработени, објави Фокус.
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Горан Јандреовски потврдил дека истрагата за случајот е завршена и дека казните се определени според закон кој предвидува парични казни за вакви грешки.
Случајот стана актуелен откако беше објавено дека Мијалков бил приведен на аеродромот во Белград затоа што во торбата му бил пронајден пиштол со муниција. По неколку часа и интервенција на повисоки структури тој беше ослободен. Тврдел дека тоа му е пиштол со дозвола кој, пред да тргне на пат заборавил да го извади од торбата.




