СДСМ предупредува за уште едена повреда на предизборниот процес во Македонија. Училиштето „Лазо Трповски“ во скопски Карпош е претворено во алтернативен штаб на Јакимовски
СДСМ смета дека за револтот на граѓаните на Карпош, кои реагираат на целосната
узурпација на Основното училиште „Лазо Трповски“, очигледно има оправдани
причини.
Тие ги испратија фотографиите доставени од револтирани родители аргументирано покажуваат дека училиштето е претворено во депо-магацин на општина Карпош што директно влијае на условите за учење во ова училиште.
СДСМ ја осудува злоупотребата врз грбот на учениците од страна на кандидатот на
СНС, Стевче Јакимовски.
„Сакаме да ги предупредиме граѓаните на Карпош дека до нашиот штаб пристигнаа
информации дека ВМРО-ДПМНЕ вечерва, и за време на изборниот молк,
подготвуваат дистрибуција на негативни летоци за Стевчо Јакимовски, на кои
планираат лажно да го потпишат СДСМ“, соопштуваат од СДСМ.