„Ако слушнам муабет против ВМРО ќе те снајде истото како пред две години“, ова се заканувачките СМС пораки за кои Млекарот Душко тврди дека ги добивал деновиве.
СМС пораките тој ги доставил до сите невладини организации кои ги набљудуваат изборите.
Според него случајот бил пријавен во полиција, но за сега од таму сеуште немаат информации.